Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Сиљановска-Давкова: Ова не е време за реформи, за жал, бидејќи времето наликува на време за време на војна, или пред војна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
siljanovska-3

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, на која беше разгледан последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава, нагласи дека по 16. пат, овој извештај како и претходните не говори само за евалуираниот, туку говори и за евалуаторот. Таа посочи дека ЕУ немала јасна стратегија, доцнела на Балканот, САД понекогаш биле побрзи, не била доследна во мировното здружување, „па и денес преферира двојни стандарди.

— реклама —

„Извештајот има многу добри податоци и критики, што добро треба да се анализираат и да се постапи по нив, но исто така понекогаш оценките на Европската Унија во овие 16 извештаи во вордингот секогаш се раководат од некоја клучна цел, што е она што за ЕУ е најважно во моментот и за тоа го врзуваат и моментумот. Така е и во овој извештај. По 16 пати, овој извештај како и претходните не говори само за евалуираниот, туку говори и за евалуаторот. Ако има оценка или натпревар за политичка спремност, тогаш ние ќе бидеме шампиони во спроведувањето, резултатите ги гледаме“,

рече претседателката.

— реклама —

Според неа, сега не е време за реформи.

— реклама —

„Ова не е време за реформи, за жал, бидејќи времето наликува на време за време на војна, или пред војна, и тоа не е време кога можат да се прават реформи. Но за мене, и претходно и сега ЕУ е уникатна политичка филозофија, ја поддржуваат сите актери, јавноста на Балканот, ЕУ е перспектива, ЕУ е мотив за демократски реформи, Унијата стимулира реформи што водат до траен мир и стабилност. Сигурна сум дека нашата интегрираност во ЕУ ќе стави крај на феноменот балканизација како феномен на постојано менување на границите“,

рече Сиљановска-Давкова..

— реклама —

Таа истакна дека ЕУ понекогаш како да е опседната со важни моменти и датуми и сега слушаме дека ова е клучниот момент, повторно треба да се качиме на возот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9n9eof2t3ao72VFuB5o

Сиљановска-Давкова во Анталија на средби со светски лидери во рамките на климатскиот самит

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library9v232pi8f02l7vucjja

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија, претседавач со ЕУ од јануари 2027

Македонија | пред 3 дена

media-library3jrucfj47n3q9Pm3jhg

Силјановска-Давкова ставила вето на мандатот на членовите на тендерските комисии, но не и на факторот „најниска цена“ – власта утре може повторно да ги изгласа спорните измени

Македонија | пред 4 дена

media-library9n9eof2t3ao72VFuB5o

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања