Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Сиљановска-Давкова: Патријархалната култура сè уште ја ограничува женската самодоверба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-libraryi23nulvm2ocs57Ho51W

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека одлуката на Уставниот суд, со која се овозможи самостојно кандидирање со два потписи, открила важен проблем во политичката култура – особено кај жените.

— реклама —

„Прво, изненадувањето. Одеднаш се соочувате со можност сами да се кандидирате со два потписи. Ние сме одговорни суштества и секогаш размислуваме дали сме ние најдоброто решение, дали ќе можеме да одговориме на овој предизвик, особено ако не сме поддржани од луѓе кои ни веруваат. Тоа е првото“, рече Сиљановска-Давкова.

— реклама —

Таа додаде дека проблемот е поврзан и со патријархалната и парохијалната политичка култура што сè уште е присутна во општеството. „Веројатно, се уште има силни елементи на, за жал, патријахална и парохијална политичка култура, па ние размислуваме на тој начин дека, можеби, не сме најдобрите“, изјави таа.

— реклама —

Сиљановска-Давкова нагласи дека овој случај открил и внатрешен предизвик кај самите жени. „Овој инцидент со отсуството на член заради одлуката на Уставниот суд, што ќе го регулира кандидирањето, покажа и докажа дека и во нас, жените, има сериозен проблем. Не велам дека е тоа недоверба во себе, туку мислам дека е врзано со фактот дека сме поодговорни, бидејќи имаме потежок пат во животот, секогаш имаме дилеми,“ рече таа.

— реклама —

„Најлесно одлучуваат оние кои не размислуваат или мислат дека по природа се надарени да бидат извонредни политичари, пратеници, советници, градоначалници и така натаму. Но, мислам дека оваа лекција треба добро да ја научиме за да ги смениме работите,“ додаде Сиљановска-Давкова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9n9eof2t3ao72VFuB5o

Сиљановска-Давкова во Анталија на средби со светски лидери во рамките на климатскиот самит

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library9v232pi8f02l7vucjja

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија, претседавач со ЕУ од јануари 2027

Македонија | пред 3 дена

media-library3jrucfj47n3q9Pm3jhg

Силјановска-Давкова ставила вето на мандатот на членовите на тендерските комисии, но не и на факторот „најниска цена“ – власта утре може повторно да ги изгласа спорните измени

Македонија | пред 4 дена

media-library9n9eof2t3ao72VFuB5o

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања