Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Сиљановска-Давкова со честитка за Свети Климент: Да ги обновиме вредностите што ја одржуваат заедницата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryt3bsdf28a096cYkbBon

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до верниците од православна вероисповед по повод државниот празник Свети Климент Охридски, нагласувајќи дека се чествува ликот и делото на најголемиот македонски просветител и верен ученик на Светите Кирил и Методиј.

Во честитката се истакнува дека споменот за Свети Климент е длабоко врежан не само во македонската, туку и во колективната меморија на целото словенство. Неговото име, како што посочува претседателката, денес го носат бројни образовни, научни и културни установи, а ликот му ги краси православните храмови ширум земјата.

— реклама —

Најголемото наследство на Свети Климент, се вели во честитката, се писменоста и вредностите што им овозможиле на луѓето да ги разберат книгите и себеси, како и одговорноста што ја имаат не само за сопствените животи, туку и за животот на заедницата. Под негово водство, нашите краишта преминале од политичка периферија во значаен образовен и духовен центар, со Охрид како престолнина на просветителската мисла.

Сиљановска-Давкова потсетува дека Охридската книжевна школа и духовното творештво оставиле траен белег врз европската цивилизација, надживувајќи империи и системи поради својата непрекинлива вредност и човечка универзалност.

— реклама —

Празникот, додава таа, е можност да се преиспита колку од вредностите на Свети Климент – милост, смирение, взаемна помош и разбирање – се препознаваат во современиот живот. Пред македонското општество, како што наведува, стои голема задача: повторно да се изградат доблестите што ја одржуваат заедницата и да се создаде заедничка цел што ќе ги надмине поделбите.

Во честитката се подвлекува потребата од владеење на правото, борба против корупцијата, социјална правда и заемна грижа како темели за обновување на општествениот договор меѓу слободни и еднакви граѓани.

„Нека пораката на Свети Климент за смирение, милост, знаење и заедништво биде инспирација да ја изградиме Македонија како пристојно, праведно и достоинствено место за живеење“, порача претседателката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

siljanovska-filipce

Сиљановска-Давкова до Филипче: „Никогаш не сум паднала на испит“

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryaqhsemj5l5gr4cKUcuq

Сиљановска-Давкова за наводите за шпионажа: „Малку сум збунета од објавите на обвинителството“

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryi9gev62ero448EwMmPz

(Фото) Додека јавноста чека одговори за шпионската афера, Сиљановска-Давкова објави дека уживала на опера со „Мадам Батерфлај“

Македонија | пред 2 седмици

mickoski-i-siljanovska-1170x658-1

Мицкоски за аферата со шпионажа кај претседателката Сиљановска: „Тоа се шпионски талог и глодари од минатото“

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања