Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Сиљановска-Давкова со највисоки почести го пречека Милатовиќ: Фокус на ЕУ и регионална соработка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library6vph5aq1g5j08wOe1M5

Со највисоки државни и воени почести, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на официјална церемонија во Скопје.

— реклама —

По тет-а-тет средбата, беше одржан и пленарен состанок на двете делегации, на кој се разговараше за политичките односи меѓу двете земји, економската соработка, како и за прашања од областа на образованието, дигитализацијата, културата и туризмот.

— реклама —

Во фокусот на разговорите беа и регионалните и меѓународните состојби, со посебен акцент на евроинтеграциите. Двајцата претседатели разменија ставови за процесот на приближување кон Европската Унија, при што беше истакнато дека Црна Гора е водечка земја-кандидат, додека македонскиот евроинтегративен пат се соочува со блокади и условувања поврзани со уставни измени.

Соговорниците оценија дека интензивните реформи во согласност со Копенхашките критериуми придонесуваат за европеизација на регионот, додека продлабочената трговска и инфраструктурна соработка ја зајакнува неговата позиција во европски рамки.

— реклама —

Воедно, беше нагласена и потребата од забрзана интеграција на Западен Балкан во Европската Унија, особено во контекст на зголемените безбедносни ризици предизвикани од актуелните глобални конфликти.

— реклама —

Како конкретен резултат од посетата, беше потпишан Меморандум за соработка меѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели, кој има за цел да ја унапреди комуникацијата и вклученоста на младите како клучен двигател на реформските и европските процеси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr1du171d13bdcYIVBNc

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Вреди сите да се бориме за Европа како наш заеднички дом

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-library2lc5783s4rig05MHgus

Сиљановска-Давкова: Повторно сме пред историски испит во ова време-невреме

Македонија | пред 3 седмици

siljanovska-filipce

Сиљановска-Давкова до Филипче: „Никогаш не сум паднала на испит“

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryaqhsemj5l5gr4cKUcuq

Сиљановска-Давкова за наводите за шпионажа: „Малку сум збунета од објавите на обвинителството“

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања