Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Сиљановска од Прилеп: Театарот останува место каде човекот доброволно се соочува со вистината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarytb4hhas23vrd1fWqWFp

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вчера во Прилеп, го прогласи за отворено 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Јубилејниот фестивал започна со изложба „60 години Војдан Чернодрински – Прилеп“ во рамките на којашто на повеќе локации се поставени артефакти од неговата долгогодишна традиција. На свеченоста беа доделени награди за животно дело: на режисерот Сашо Миленковски, на театарскиот деец Љубомир Чадиковски, на актерот и пeдагог Атила Клинче и на Веби Ќерими актер, режисер и педагог.

Годинашното издание на „Војдан Чернодрински“,  се одржува под покровителство на претседателката,  на која во рамките на свеченото отворање ѝ беше врачена благодарница.

— реклама —

Во своето обраќање Сиљановска-Давкова посака овој јубилеј да не биде само навраќање на богатото театарско минато, туку провокација и поттик за нови приказни.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова:

— реклама —

Шест децении сцената на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност. Прилеп видел генерации талентирани и расни актери, режисери, драматурзи и сценски творци, носители на улоги и претстави, коишто продолжуваат да живеат и по спуштањето на завесата.

Од античката аристотеловска катарза со која се соочува човештвото денеска, преку шекспировото драмско огледало, до чернодринскиот фестивал, театарот останува ретко место каде што човекот доброволно, вклучувајќи ме и мене, се соочува со вистината. Во трагедијата ја чувствуваме тежината на изборот, во комедијата се чудиме и се смееме на сопствените слабости, во драмата ги препознаваме човечките премрежиња, во гротеската се соочуваме со нашите, човекови парадокси.

Во овој  дом, свет дом, се одвивале илјадници дијалози меѓу човекот и совеста на универзален театарски јазик. Тука, меѓу овие ѕидови е отелотворен уметничкиот дух, меморирана е актерската реч, вграден е вашиот говор на телото.

— реклама —

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови сценски дострели коишто инспирираат, многупати вознемируваат, провоцираат, но и облагородуваат.

Денес, во време на брзи слики и куси сеќавања, театарот нè повикува не само да гледаме, туку и да чувствуваме и да проникнуваме во себе. Може ли една претстава да нè освести до болка или да нè израдува до делириум? Може ли еден актер да ни го открие човекот во нас? Може.

— реклама —

Театарот изнедрува храбри луѓе, личности со достоинство, интегритет, ерудиција. И кога, ако не тука, ако не сега, каде што и воздухот мириса на театар, како што вели нашиот голем драмски автор, Јордан Плевнеш. Посакувам овој јубилеј да не биде само навраќање на богатото театарско минато, туку провокација и поттик за нови приказни.

Јас сум почестена, исто колку и лауреатите. Чест ми е да го прогласам за отворено,  јубилејното, 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Вечен да е.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye4r0mfg55iok82Lio1k

Сиљановска со средба со Ван дер Белен: Австрија ја потврди поддршката за македонскиот евроинтегративен пат

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryauur6t2mlf1t3KON77c

(Видео) Сиљановска на средби во НАТО, пред влезот ја пречекаа Руте и Шекеринска

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhquk4frk3jpd2gR8kEk

(Видео) Сиљановска: Проблемот не е во ЕУ, туку во недостигот на политичка волја кај некои соседи

Македонија | пред 1 седмица

media-library36utiq3pfge06tSRhAf

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро за целото општество

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања