Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Силно невреме ја погоди Словенија: Прекини во струјата и целосно запрен железничкиот сообраќај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
media-libraryf2hpfu66bj759GnL39E
unsplash

Словенија се соочува со последиците од силното невреме што вчера го зафати централниот дел од земјата, при што соракано-ветерот, поројните врнежи и грмежите предизвикаа штети на инфраструктурата. Соборени дрвја оштетија делови од електричната мрежа, а на одделни места беше прекинат и железничкиот сообраќај.

— реклама —

Екипите на електродистрибуцијата веднаш излегоа на терен и отстранија голем дел од дефектите. Сепак, на некои локации сè уште се работи на целосно воспоставување на снабдувањето со електрична енергија.

— реклама —

Паднати дрвја на железничката мрежа предизвикаа целосен прекин на сообраќајот меѓу Литија и Трбовље. Словенечките железници организираа заменски автобуски превоз во двата правци, со постојки кај железничките станици во Литија, Сава, Загорје и Трбовље.

Од железницата ги предупредуваат патниците дека се можни доцнења и отстапувања од редовниот возен ред. Во заменските автобуси не е дозволен превоз на велосипеди и животни, со исклучок на кучиња водичи, службени кучиња и кучиња помошници.

— реклама —

Во меѓувреме, Словенечката агенција за животна средина издаде ново предупредување за централниот дел од земјата. Во наредниот период се можни нови локални невремиња со силни молњи, олуен ветер и обилни врнежи.

Надлежните предупредуваат дека ваквите временски услови можат да предизвикаат нагло зголемување на водостојот на поројните водотеци, како и појава на урбани поплави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library79u307dnpu67eS0Pubb

Нови камери на автопатите во Словенија: Забавувањето пред радарот повеќе нема да ве спаси од казна

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryh1p24huuef7gaJ63Xld

Во Словенија откриена нелегална фабрика за цигари вредна 30 милиони евра

Свет | пред 2 седмици

media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Возел во рикверц на словенечки автопат, двајца загинати, дете се бори за живот

Свет | пред 2 седмици

media-libraryqnv4rtloq1bm20nOuTs

Словенците ги отфрлија измените на Законот за парламентарна истрага на референдум

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања