Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Син натепал татко во Карпош, пријавени напади меѓу малолетници во Влае, сообраќајна кавга завршила со тепачка во Усје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
orce-nikolov-maloletnicki-tepacka
Илустрација / Скопје1

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во текот на 22 јануари 2026 година биле пријавени повеќе случаи на физички напади и нарушување на јавниот ред и мир на подрачјето на Скопје, по кои полицијата презема мерки за расчистување.

— реклама —

Во 12 часот, во СВР Скопје, 53-годишен маж од Скопје пријавил дека на 21 јануари околу 22:30 часот, во семејниот дом на подрачјето на Карпош, бил физички нападнат од неговиот син Е.И. (25), кој употребил тврд предмет и оштетил дел од покуќнината.

Во исто време, во Полициската станица Карпош, Ш.Ч. (39) од Скопје пријавил дека на 21 јануари околу 12 часот, во двор на основно училиште на подрачјето на Влае, по претходно недоразбирање на социјална мрежа, неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од друг малолетник и се здобил со повреди.

— реклама —

Подоцна, во 22 часот, во селото Злокуќани, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле М.Н. (22) од селото Стајковци и И.К. (44) од селото Трубарево, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21 часот физички го нападнале Ј.И. (29) од Скопје.

— реклама —

Истиот ден, во 16:40 часот, било пријавено дека во населбата Усје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.М. (23) и М.М. (47), двајцата од Скопје.

Во 15 часот, А.П. (39) од Скопје пријавил дека околу 10:15 часот, на подрачјето на Чаир, по сообраќајно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека по целосно документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни поднесоци, а надлежните служби продолжуваат со преземање мерки за целосно расчистување на настаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryibc9fg0j3r2g2mQX78i

Возач прегази пешак во Скопје и побегна, полицијата го уапси

Македонија | пред 10 часа

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

По недоразбирање го пресретнале со две возила, еден од нив му вперил пиштол и го нападнал со кундакот

Македонија | пред 16 часа

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Жена пријавила дека сопругот во бракоразводна постапка ја следел и испраќал фотографии од локацијата на нејзиниот син, а преку друго лице му упатил закани на нејзиниот син

Македонија | пред 16 часа

media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Приведен скопјанец осомничен за напад врз својата партнерка

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања