Промени тема
Контакт

Синдикалците гласаа пратениците да земаат минималец, а Трендафилов праша: Бране на работа е или не е?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
trendafilov-5151

Сојузот на синдикати на Македонија, кои преку протест го повторија барањето дека очекуваат 500 евра минимална плата во Македонија, пред Собранието, илустрирајќи јавна седница, донесоа одлука со која пратениците треба да си ги намалат платите и да земаат минималец цела наредна година. Со ова испратија порака дека очекуваат измени на законите со цел, нивните барања да бидат исполнети.

— реклама —

„Непочитувани пратеници, 120 вие, 300 ние, трипати повеќе од вас. Денеска дојдовме тука да побараме од вас минималната плата да изнесува не помалку од 500 евра. И да се зголемат сите останати плати за 100 евра. Денеска дојдовме тука ние што одлучуваме во синдикатите дека платите се мизерни. Вашите сега 79 отсто зголемени плати, не ги заслужувате и затоа дојдовме тука, бидејќи вие не одлучувате за нас, па ние ќе одлучиме за вас. Работници ве молам да донесеме одлука пратениците да бидат на минимална плата, до наредното зголемување на минимална плата, кој е 'за'“, рече Слободан Трендафилов, претседател на ССМ, по што присутните кренаа рака.

— реклама —
— реклама —

Тој констатираше дека органите на телата на синдикатите и ССМ, како и борците за работнички права, едно гласно донеле одлука, пратениците да си ги намалат како што велат, луксузните пратенички плати на минимална плата се додека не ги зголемат работничките плати.

— реклама —

„За крај, имам имам лично прашање, Бране на работа е или не е?“, рече Трендафилов, мислејќи на пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ кој изминатиот период одржа низа прес-конференции напаѓајќи го синдикалниот водич.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања