Промени тема
Контакт

Синдикатите предупредуваат: „Фолксваген“ би можел да укине до 140.000 работни места

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B
Photo by Erik Mclean on Unsplash

Синдикатите во „Фолксваген“ предупредуваат дека бројот на укинати работни места во германскиот автомобилски гигант би можел да достигне до 140.000, вклучително и работните места чие намалување веќе е договорено. Во исто време, се продлабочува несогласувањето меѓу раководството и претставниците на вработените околу плановите за преструктурирање на компанијата.

— реклама —

Шефицата на работничкиот совет на „Фолксваген“, Даниела Кавалјо, изјавила дека е нарушена довербата во раководството и во извршниот директор, Оливер Блуме. Кристијана Бенер од синдикатот „ИГ Метал“, пак, оценила дека плановите на Блуме за намалување на трошоците и зголемување на профитот се нереални.

— реклама —

Блуме пред вработените во главната фабрика на „Фолксваген“ во Волфсбург соопштил дека приближно половина од дополнителното намалување на бројот на работни места ќе мора да се спроведе во Германија. Тој посочил дека мерките се неопходни бидејќи фиксните трошоци на компанијата се околу 30 отсто повисоки во споредба со конкурентите.

Извршниот директор истовремено предупредил дека бројката од 50.000 дополнителни отпуштања на глобално ниво, која често се споменува во јавноста, не мора да биде конечна.

— реклама —

„Фолксваген“ веќе го намалува бројот на вработени во Германија, додека автомобилската индустрија во земјата се соочува со низа проблеми – намалена побарувачка, високи трошоци за енергија и сè посилна конкуренција од кинеските производители.

Компанијата проценува дека треба да ги намали трошоците за најмалку 10 милијарди евра. Дополнително, планирано е и намалување на производствените капацитети во Европа за околу 500.000 возила годишно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Фолксваген ги раскина речиси сите колективни договори, се зголемува ризикот од штрајкови

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Нова причина за загриженост во „Фолксваген“: И овој сектор губи позиции

Свет | пред 1 месец

media-librarymha8ng7512b17UqyTnh

Фолксваген пред најголемото преструктурирање во историјата: Во план 100.000 откази

Трендови | пред 2 месеци

media-librarymha8ng7512b17UqyTnh

Голема промена во „Фолксваген“: Половина од моделите ќе исчезнат од понудата

Технологија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања