Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Синдикатот на професионални војници за Мисајловски: Наместо да ја прифати критиката, излезе со напади и смешни кривични пријави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 дена -

Македонија
366543877_1034322614557217_5242194736722340467_n

Независниот синдикат на професионални војници го обвинува МО за манипулации и напади кон синдикатот по гостувањето на министерот Мисајловски, тврдејќи дека со години се прикриваат лошите услови во армиските објекти и нерешените права на војниците. Синдикатот ја демантира изјавата дека војниците одат во пензија на 45 години со опремнина од 2 милиони денари, наведувајќи дека Законот не им дозволува пензионирање и дека се дискриминирани поради договори на определено време. Потсетуваат дека предлог-измени на Законот се доставени во Собранието на 3 јуни 2025, бараат обновен социјален дијалог и итни мерки, наместо ПР кампањи и притисоци.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Независниот синдикат на професионални војници го обвинува Министерството за одбрана за манипулација и ширење невистини, по гостувањето на министерот Владо Мисајловски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21. Според синдикатот проблемите со условите за работа и правата на професионалните војници се присутни децении, а решението е доставено во Собранието уште во 2025 година, но досега не е реализирано. Министерството, наместо да ги решава проблемите, според синдикатот, се обидува да ги прикрие преку јавни изјави и напади кон синдикатот.

— реклама —

„По објавата на Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје за катастрофалната ситуација со објектите во Армијата каде што престојуваат и работат професионалните војници, министерството за одбрана излезе со потврда дека ситуацијата е таква 35 години, но и повеќе дури 50 години некои објекти не се реновирани од времето на поранешната ЈНА. Министерството за одбрана наместо да ја прифати критиката од синдикатот и да ја прифати реалноста, тие излегоа со напади врз претседателот на синдикатот со неосновани и смешни кривични пријави.

Оваа нервозна ситуација во министерството за одбрана која се пројави поради излегување на фотографиите за вистинската и реална состојба во Армијата, кај министерот за одбрана Владо Мисајловски се пројави дополнителна потреба да гостува во емисијата Клик Плус на ТВ 21 , со цел да ја ублажи катастрофалната состојба која синдикатот ја обелодени во јавноста.

Но за жал министерот за одбрана одбра сакајќи или несакајќи, да искаже неколку невистини со цел да прикаже напредок во правата на професионалните војници со негова лична иницијатива, но напротив искажа невистина со што ја изманипулира цела македонска јавност, а тоа е дека професионалните војници на 45 години одат во пензија и земаат опремнина од 2 милиони денари.

Министерот за одбрана треба да знае дека професионалните војници не одат во пензија од Армијата, бидејќи дискриминаторскиот Закон за служба во Армијата тоа не го дозволува. Затоа е утврдената индиректна дискриминација од КСЗД врз сите професионални војници од страна на министерството за одбрана поради нетрансформирање на работниот однос од определено на неопределено време. Барањата на синдикатот се токму тие, професионалните војници да добијат вработување на неопределено време согласно ЗРО и да остварат право на пензија како и останатиот активен воен персонал.

Излегувањето на емисии и искажувањето на вакви невистини и манипулирачки изјави нема да ја подобри ситуацијата во Армијата, туку само повеќе граѓаните на Република Македонија дознаваат колку е лоша состјбата со правата на припадниците на Армијата и колку се лоши условите за работа во Армијата.

Го потсетуваме министерот за одбрана дека наназад години синдикатот бара решение на статусот на професионалните војници и имаме доставено предлог закон за измена и дополнување на Законот за служба во Собранието на РМ уште на 3 јуни 2025 година, и ниеден пратеник до овој ден не го предложи овој закон за да се реши деценискиот проблем на професионалните војници .

Му предлагаме на министерот за одбрана пред наредно гостување добро да ја проучи проблематиката и темите кои ќе ги зборува, и се надеваме дека ќе сфати дека решението на сите проблеми му е доставено во писмена форма, само треба да се има волја да се реализираат овие барања и конечно да се реши проблемот со професионалните војници. Синдикатот не е проблемот што укажува кои се проблемите, проблемот е нереагирањето на работодавецот. Се друго, како неосновано напаѓање на синдикатот и неговите претставници и искажување на невистини, допринесува за влошување на веќе лошата состојба во Армијата.

Апелираме до минитерството за одбрана да се воздржи од медиумски и административен напад кон синдикатите, да се обнови социјалниот дијалог и да се превземат итни мерки за подобрување на состојбата во Армијата, ПР кампањата нека се стави на пауза до следните избори“, вели Александар Насковски.

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrqml42iu2vmm2jeIJXi

Синдикатот на професионални војници со обвинувања: Министерството за одбрана врши притисок и шири клевети

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања