Промени тема
Контакт

Синдикатот на затворската полиција најави протест в среда, ако нема социјален дијалог со Управа за извршување на санкции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
zatvor

Синдикатот на Затворска Полиција и Администрација на Македонија најавува протест за 8 април 2026 година. Протестот е организиран како израз на незадоволство и со цел јавно да се достават конкретни барања за склучување на Колективен договор и решавање на тековните проблеми во секторот.

— реклама —

„Ве известуваме дека доколку немаме социјален дијалог со Управа за извршување на санкции на ден 08.04.2026 година (среда), ќе се одржи протест организиран од страна на Синдикат на Затворска Полиција и Администрација на Македонија со цел изразување на незадоволство и упатување на конкретни барања до надлежните институции.

Датум: 08.04.2026 година

Време: 17:00 - 19:00 часот

Почетна точка/Локација: Пред објектот на Македонската телевизија (МРТВ)

Маршута: Протестен марш до Управата за извршување на санкциите при Министерството за правда.

Протестот се организира со цел јавно да се достават барањата на членовите до раководните структури на управата и Министерството за правда. Бараме итно постапување по поднесените барања за склучување на колективен договор и решавање на тековните проблеми со кои се соочуваме во секторот.

Ги повикуваме сите засегнати страни, колеги и поддржувачи да ни се придружите во остварувањето на нашите легитимни права на мирен и достоинствен начин“, се вели во објавата.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryunl3b12jp8n2cQoBQoe

Денес во 14 часот протестен марш во Скопје по пресудата за Тачи

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg6kv0sdr15otdy2DlCS

Во недела протест во Скопје по пресудата за Тачи

Скопје | пред 1 седмица

detska-klinika

Шест месеци работа без плата и без продолжен договор, вработените од Детска клиника на протест

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryac0v5icv2era1h85iUp

Транспарент „Скопје е со Албанија“ на протест во Скопје, Муамеди реагира: Македонците ќе даваат поддршка, но со знамиња на Македонија

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања