Промени тема
Контакт

Синер испиша историја во Мадрид: подвиг што го направија само Ѓоковиќ, Надал и Федерер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Спорт
media-library8u0n1r73ftkn2IJqrgb
screenshot youtube

Јаник Синер се пласираше во финалето на Мастерс турнирот во Мадрид и стана најмладиот тенисер во историјата кој стигнал до финале на сите девет турнири од оваа серија.

— реклама —

Првиот светски рекет го совлада Артур Фис со 6:2, 6:4 во полуфиналето и ја продолжи неверојатната серија од 27 последователни победи на Мастерс турнирите.

— реклама —

Пред него ваков успех имаа постигнато само Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер, но тие до истиот подвиг дојдоа на постара возраст – на 25, 27 и 30 години, додека Синер тоа го направи веќе на 24.

Италијанскиот тенисер ќе го игра петтото последователно Мастерс финале, а противник во борбата за титулата ќе му биде Александар Зверев, против кого има позитивен биланс од 9-4 во меѓусебните дуели.

— реклама —

Доколку ја продолжи победничката серија, Синер може да стане првиот тенисер во историјата со пет последователни титули на Мастерс турнирите, со што дополнително би ја зацврстил својата доминација на светскиот тениски врв.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvavka1klkorpfvLKT9s

Синер остана без шанса да го израмни рекордот на Ѓоковиќ поради повреда

Спорт | пред 2 дена

— реклама —
media-library749cishbt0vk4CHysCV

Синер од модна ревија директно во болница: Можно е да биде потребна и операција

Спорт | пред 1 седмица

media-library27rrr1u5jopu19sFG4w

Синер се повлече од Пекинг, Зверев добива нова шанса за врвот на АТП-листата

Спорт | пред 2 седмици

media-libraryvavka1klkorpfvLKT9s

Ѓоковиќ: „Во Синер се препознавам себеси“

Сцена | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања