Промени тема
Контакт

Синер на УС Опен само под еден услов: Италијанецот не сака да ризикува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Спорт
media-library749cishbt0vk4CHysCV

Учеството на светскиот тениски број еден, Јаник Синер, на претстојниот УС Опен и натаму е неизвесно поради проблемите со десното колено. Италијанецот, кој ја брани титулата во Њујорк, моментално продолжува со терапиите во Торино, а неговиот тим не сака да ризикува со неговото здравје.

— реклама —

Синер неодамна го пропушти турнирот во Синсинати токму поради повредата на коленото. По консултациите со лекарите, тој оцени дека сè уште не е подготвен за натпреварување, но најави дека фокусот му е насочен кон настапот на последниот гренслем-турнир во сезоната.

— реклама —
— реклама —

По прославата на 25-тиот роденден, Синер се вратил во Торино, каде продолжил со рехабилитацијата и тренинзите за да ја процени состојбата на коленото. Според „Газета дело Спорт“, третманот досега дал позитивни резултати, но конечната одлука ќе зависи од тоа дали ќе биде целосно подготвен.

Условот е јасен – Синер ќе отпатува за Њујорк само доколку биде целосно фит. УС Опен започнува на 30 август, па Италијанецот има ограничено време за да се опорави и да ја брани титулата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvavka1klkorpfvLKT9s

Синер остана без шанса да го израмни рекордот на Ѓоковиќ поради повреда

Спорт | пред 2 дена

— реклама —
media-library749cishbt0vk4CHysCV

Синер од модна ревија директно во болница: Можно е да биде потребна и операција

Спорт | пред 1 седмица

media-library27rrr1u5jopu19sFG4w

Синер се повлече од Пекинг, Зверев добива нова шанса за врвот на АТП-листата

Спорт | пред 2 седмици

media-libraryvavka1klkorpfvLKT9s

Ѓоковиќ: „Во Синер се препознавам себеси“

Сцена | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања