Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Сите капацитети ставени во функција: Мицкоски тврди дека се подготвени за пожари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarys907834jgrlj5VvA3fG

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека државата годинава е значително поподготвена за справување со евентуалните пожари, нагласувајќи дека се преземени низа превентивни и оперативни мерки пред почетокот на летната сезона.

Одговарајќи на новинарско прашање дали државата е поподготвена во однос на минатата година, Мицкоски кусо одговори: „Да, одговорот е да“.

— реклама —

Тој информираше дека сите три противпожарни воздухоплови се сервисирани навреме и дека до вчера се наоѓале во Загреб, од каде што се очекува нивно враќање во земјава веднаш штом временските услови ќе го дозволат тоа.

— реклама —

„Направено е комплетно сервисирање и на сите оние воени возила што ги пренаменивме за борба против огнените стихии“, рече премиерот.

Мицкоски посочи дека Владата донела и заклучок за забрана за движење во шумите од 1 јули, додека преку ЗЕЛС до општините биле испратени инструкции за проверка на депониите и другите потенцијално ризични локации.

— реклама —

„Доколку не ги исполнуваат условите, тие треба итно да бидат санкционирани“, истакна тој.

— реклама —

Премиерот предупреди дека дождливата пролет придонела за бујна тревна вегетација, која со порастот на температурите ќе стане дополнителен ризик за избувнување пожари.

Како пример за успешна реакција, тој го посочи вчерашниот пожар над Штип, кој, според него, благодарение на координираната акција на пожарникарите, доброволците, локалната самоуправа и градоначалникот, бил брзо ставен под контрола и целосно изгаснат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 20 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 20 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања