Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скандал во Лувр: Туристички водичи и вработени обвинети за измама, продавале лажни билети на кинески посетители

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-library47r82fb1fuba1MXDqZA

Париската полиција го разби организираниот обид за измама во музејот Лувр и уапси 10 лица, меѓу кои се и вработени во музејот и туристички водичи, осомничени дека на кинески посетители им продавале лажни билети и преполнувале тури со водичи.

— реклама —

Според информациите на весникот „Le Parisien“, полицијата ги уапсила осомничените во вторник откако управата на Лувр пријавила „нерегуларности“.

— реклама —

Како што пренесува „Euronews“, одземени се три возила, 130.000 евра кеш, скоро 200.000 евра на банкарски сметки и повеќе банкарски сефови со големи суми пари.

— реклама —

Откривањето на оваа измама следи по низа предизвици за Лувр, вклучувајќи штрајк на вработени незадоволни од платите и работните услови, што довело до делумно затворање на музејот секоја недела.

Музејот исто така бил критикуван поради зголемување на цената на билетите за посетители од надвор од Европа од 22 на 32 евра, како дел од националната политика за „диференцирани цени“ што ја применуваат и други културни институции во Франција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library47r82fb1fuba1MXDqZA

Лувр повторно затворен поради штрајк, вработените бараат подобри услови

Свет | пред 3 седмици

media-librarypdqmjmm54jdt8yYUqY3

Истекување вода во Лувр: оштетени стотици предмети од египетскиот оддел

Свет | пред 2 месеци

media-libraryn21d3g907i2tds6W9RJ

Лувр ги зголемува цените на влезниците за туристи од земји надвор од ЕУ – зошто најпознатиот музеј на светот поскапува за 45%?

Свет | пред 2 месеци

media-librarypdqmjmm54jdt8yYUqY3

Француската полиција трага по украдениот накит од Лувр, истрагата води кон Антверпен

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања