Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Скенирани возачки дозволи и адреси завршиле на сервери во Русија: Казна од 100 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
zeni-1

Холандската Управа за заштита на податоци денеска ја казни со 100 милиони евра компанијата МЛУ, која управува со апликацијата за превоз „Јанго“, поради наводен нелегален пренос на лични податоци на корисници во Русија.

— реклама —

Регулаторот соопшти дека компанијата МЛУ, холандска подружница на руската технолошка компанија „Јандекс“, наводно споделувала податоци на корисници од Норвешка и Финска со сервери во Русија без соодветна заштита, пренесе NL Times.

— реклама —

Според резултатите од истрагата, меѓу податоците кои наводно биле складирани во Русија се наоѓале скенирани возачки дозволи, домашни адреси и прецизни податоци за локацијата на корисниците и возачите.

Холандскиот регулатор наведе дека таквиот трансфер на податоци не е во согласност со европските правила за заштита на приватноста.

— реклама —

Компанијата МЛУ ги отфрли обвинувањата и најави жалба, тврдејќи дека податоците биле чувани во рамки на Европската Унија во шифрирана форма.

— реклама —

Случајот дополнително го насочи вниманието кон работењето на компанијата „Јандекс“, која и претходно се соочуваше со обвинувања за блиски врски со руските власти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj0j81cq8c6j82hXjPxN

Холандија најави 500 милиони евра воена помош за Украина

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-library3vpfth01mcl61IhxLif

Во Холандија е еутаназирано првото неизлечиво болно дете, имало речиси две години

Свет | пред 1 месец

media-librarycjltkneste6ob36nR37

Повисокиот данок не ги одврати туристите: Холандија во јули ја посетиле 3,36 милиони гости

Патувања | пред 1 месец

media-library8cd0jpv0aak195JEOFQ

Вирусот на Западен Нил се шири во Холандија: девет заразени и еден починат

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања