Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Скопјанка апелира за повеќе „Safe City“ камери во Аеродром: Булеварите по полноќ стануваат тркачка патека

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Коментари
media-librarypeve7cqoqul55gXGKJd

Скопјанката Драгана Костиќ преку социјалните мрежи упати јавен апел до Министерството за внатрешни работи и надлежните институции, предупредувајќи на опасно и брзо возење на булеварите во близина на комплексот Џевахир Скај Сити.

Според нејзината објава, на потегот од крстот кај Џевахир кон Булевар „Србија“ речиси секоја вечер, особено по полноќ, се организирале трки со автомобили и мотори.

— реклама —

„Автомобили и мотори буквално ‘летаат’ по булеварот, без никаква контрола“, напиша Костиќ.

Таа посочува дека особено загрижува фактот што, според неа, често станува збор за малолетници кои управуваат со моќни мотори во доцните ноќни часови.

— реклама —

Во објавата наведува дека од 1 часот по полноќ до 5 часот наутро булеварите се претвораат во „тркачка патека“, при што, освен бучавата, сериозно е загрозена и безбедноста во сообраќајот.

— реклама —

Костиќ побара поставување и активирање камери на критичните точки, засилени полициски патроли во текот на ноќта, како и санкции за несовесно возење и мотори без регистарски таблици.

„Ова не е веќе прашање само на бучава, туку на безбедност и превенција пред да се случи трагедија“, наведува таа во апелот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

semafor

Во недела целосно затворање на сообраќајот на крстосницата „Скупи“ – „Љубљанска“ поради поставување нови семафори

Скопје | пред 1 час

— реклама —
media-libraryov0odf8fl3qs9AGq5Qa

(Видео) Се запали автомобил во Скопје, нема повредени

Скопје | пред 6 дена

media-libraryakr8f893i28m4pEbYv1

Скопје ќе добие свој „Лувр“ на кејот на Вардар: Сидрото од бродот „Скопје“ ќе биде заштитено со стаклена конструкција

Скопје | пред 6 дена

media-libraryevja69ev8718etrIBWO

(Фото) Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блеска, гордоста на Скопје во нов сјај

Скопје | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања