Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

„Скопје1“ дознава: Се запленуваат рекордни 27 тони марихуана во Скопје и струмичко

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library0gloph133loj7jZ2Hpj

Полицијата вечерва завршува заплена на речиси десет тони марихуана во Скопје, поврзани со претходно одземените пет тони во Србија, а складирани во кругот на фирмата инволвирана во случајот со нелегалниот шверц, дознава „Скопје1“ од извори вклучени во истрагата. Паралелно со оваа заплена, според истите извори, се спроведува и втора акција на локации надвор од Скопје, каде што се одземаат дополнителни 18 тони марихуана. Според неофицијалните информации, втората заплена е во струмичко.

Акцијата, која трае во текот на целиот ден, ја спроведува Министерство за внатрешни работи под насоки на Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Со тоа, се одзема вкупна количина од околу 27 тони марихуана, што според достапните информации претставува најголема конфискација на дрога во Македонија за која досега се слушнало во јавноста.

Акцијата следи по настаните од пред четири дена, кога во Србија беа пронајдени и одземени пет тони марихуана за кои српските власти соопштија дека биле прошверцувани од Македонија и биле наменети за српскиот пазар. Тамошните институции информираа дека дрогата била складирана во магацин поврзан со семејство во село во Крушевац.

— реклама —

Во фокусот на истрагата е компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“, регистрирана во 2023 година, со дејност одгледување и преработка на билки, ароматични и лековити растенија за фармацевтска употреба. Според податоците од Централниот регистар, компанијата има акционерски капитал од околу 529 илјади евра и повеќе ко-сопственици. Интересно е што има измени во сопственичката структура денови пред да бидат фатени шверцуваните пет тони во Србија.

— реклама —

Од македонските институции засега не се соопштуваат детали, со образложение дека акцијата сè уште е во тек. Во кругот на поранешниот комплекс ОХИС, каде што правно е регистрирано седиштето на „Алфафарм ДОО Скопје“, вечерва е забележливо засилено полициско присуство, истражители на Обвинителството, како и медицински лица.

Во Србија, според официјалните информации, осомничени се пет лица, од кои две се сè уште недостапни за органите на прогонот, а се гонат за неовластено производство и ставање во промет на наркотични дроги. Бројот на осомничени и кривичните дела за кои постојат сомневања во Македонија ќе бидат соопштени по завршувањето на целосната истражна постапка, кога и официјално се очекува потврда за заплената од над 27 тони марихуана.

— реклама —
media-libraryt1lu19thbbdm5mybMaw

Мицкоски најавува заплена на десетици тони марихуана: Разоткривање на криминалната мрежа

„Мислам дека уште вечерва граѓаните ќе слушнат нешто катастрофално“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, најавувајќи масовна полициска акција која, според него, ќе ги разоткрие вистинските размери на криминалот со нелегалното производство и трговија со марихуана во државата.Тој посочи дека во текот на денешниот ден и во наредните денови јавноста ќе биде сведок на заплена на, како што рече, „десетици тони“ недозволени супстанции, нагласувајќи дека станува збор за една од најголемите акци

Македонија | пред 5 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

rabotnik-600x404

Работник тешко повреден при пад во дворот на здравствена установа во Неготино

Македонија | пред 14 часа

media-libraryf9t4pmg7msr854l6NKp

Дрво падна врз 86-годишна скопјанка, а околу нејзината чанта била пронајдена експлозивна направа

Македонија | пред 14 часа

ribolov-2

Фатен како лови риба со канџа за време на забрана, кривична за 46-годишник

Македонија | пред 14 часа

media-library72q79m3lccl70doF8Za

Излетал од патот и удрил во бетонски столб, две лица тешко повредени

Македонија | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања