„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Скопски пазар“ и „кебапите“ ја следат судијката Гајдова на патот кон Стразбур

објавено пред 7 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-05-22-at-18.39.01

Случајот „Скопски пазар“ каде се пресудило во корист на сопругот на Весна Дамева, казната за „ќебапите“, но и партиската обоеност на сопругот се најспоменувани изминатиов период, кога во прашање е судијката Габриела Гајдова. Таа е предлог за да биде судија во Стразбур, кој ќе се најде на владина седница. Истовремено, највисокиот суд за човекови права, прво што бара е висок морален интегритет. Судијката смета дека истиот го поседува и дека е отпорна на влијанија, но обвинувања за нејзината работа трпи и додека се чека конечната одлука по нејзината апликација. За Стразбур пак, доволно е да постои легитимен сомнеж, за да утврди повреда на правата заштитени со Конвецијата.

— реклама —

Се чини дека најголемата „дамка“, со која во јавноста и се оспорува интегритетот, е токму предметот „Скопски пазар“. Гајдова во него, постапувала како судија известител во скопска Апелација. А за да биде избрана во овој второстепен суд, била гласана од Весна Дамева, чиј сопруг е оштетена страна во тој предмет. Интересен факт е дека предметот чиј известител е Гајдова, е одлучен токму во корист на Дамев, но потоа, Врховен суд ја укинува одлуката со неколку забелешки – меѓу кои и погрешно применета судска пракса. „Скопје1“ праша дали со ваква одлука, а како известител во предметот, Гајдова ѝ се оддолжила на Дамева, на што таа рече дека нема никаков долг, а и без нејзиниот глас би била избрана за судија во Апелација. Ако се видат новинарските известувања, сепак, може да се заклучи дека Дамева не штедела комплименти при изборот и рекла: „Таа не само што учествува на конференции и тркалезни маси, туку е храбра и да го креира казненото право”.  Сепак, судијката за „Скопје1“ вели дека било побарано нејзино изземање, но барањето било отфрлено.

„Во предметот се бараше мое изземање и не беше уважено од страна на претседателот на судот“, вели Гајдова.

— реклама —

За истиот предмет, Врховниот суд забележува дека во моментот кога Гајдова со колегите во Апелација, одлучуваат да пресудат во корист на оштетениот сопруг на Дамева, во образложението пишуваат дека обвинетите  делото го вршеле во континуитет 10 години, иако осум години обвинетиот не презел никакво дејствие. За да си ја поткрепат одлуката, се повикале на пресуда од Врховен суд, кој пак им ја укина со образложение: „Пресудата на која се повикува Апелација може да се примени само ако постои континуитет“. Сепак, судијката Гајдова вели дека пресудата е согласно праксата.

„По однос на ставовите на советот кој постапуваше по предметот, сите аргументи за донесената одлука се содржани со судската пракса на Врховниот суд, што исто така може да се уверите со увид во списите“, вели Гајдова и негира влијание поради Весна Дамева која е дел од Судскиот совет.

Судијката Гајдова, ја има донесено и затворската пресудата за украдените ќебапи и алкохол, често споменувана кога се критикува правосудството. Сепак, судијката стои зад тоа што го досудила и вели дека е според законите, кои не ги носат судиите, туку ги почитуваат. Појаснува дека во минатото постоел Правилник на одмерување казни, кој имал категоризации колку треба да се досуди. Таа, посочува дека судела според него, а подоцна бил укинат.

„Интегритетот на еден судија е да биде независен од секакви влијанија, притисоци и да суди врз основа на закон и подзаконски акти. Пресудата за ќебапите е донесена врз основа на Кривичниот законик, Законот за кривична постапка и Правилникот за одмерување на казни кој важеше во тоа време и секако дека стојам зад секоја моја одлука“, рече Гајдова за „Скопје1“.

Уште една поврзаност меѓу судијката Гајдова и Дамева која е дел од Судскиот совет, што остава простор да се помисли дека имало пристрасност при одлучување во предметот „Скопски пазар“ е политиката. Според новинарските написи, Кирил Гајдов, сопруг на Гајдова бил советник во Велес и координатор на советниците на СДСМ. Дамева пак, била член на правната комисија на истата партија.

„Мојот сопруг беше член на НСДП. Никогаш не бил член на СДСМ. Така што познанство немале. И не само член на НСДП, туку беше и претседател на општинската организација на НСДП во Велес, сѐ додека не се повлече од Советот на Општина Велес и од политика, воопшто“, рече Гајдова за оваа поврзаност, па на укажувањето дека медиумите го пишувале како советник од СДСМ додаде: „Не знам како стои, јас Ви кажувам отворено и тоа лесно може да се провери. Можеби дека биле во коалиција како ВМРО и ЗНАМ сега. Побарајте увид во евиденцијата на членови на двете партии, СДСМ и НСДП и ќе видите“.

 

Инаку, во Стразбур постои така наречен објективен и субјективен тест за непристрасност. Објективниот тест предвидува, „трибуналот“ да биде составен од независни и непристрасни судии, но се осврнува и на перцепцијата на разумен набљудувач, кој треба да има перцепција дека „трибуналот“ е независен. Пред девет години, Стразбур ја врати листата и не избра ниту еден од предложените кандидати за судии – што претставува и срам за државата. Ова не е единствен ваков случај. Во 2018 година, поради роднински односи со премиерот Еди Рама, Стразбур не прифати да го избере Даиран Павли за судија. Во 2021 година, таков случај имаше Украина, чии кандидати беа одбиени поради сомнителен морален интегритет.

Гајдова, пред да биде избрана за судијка во Апелација, судеше во Велес. Таму има низа пресуди кои беа поздравени од јавноста како исправни. Таа досуди 18 години затвор за Ангелче Николов кој усмрти девојче на пешачки, ја повреди мајката и избега. Истовремено, досуди и ослободителна пресуда за Павлинка Иловска која го уби партнерот по низа години малтретирања, а истото го направила во самоодбрана.

Во телефонски разговор, Гајдова вели дека за нејзе е големо признание и фактот што е дел од трите имиња предложени за судии во Стразбур од Комисијата до Владата. Освен таа, предложени се и обвинителката Ленче Ристоска, како и адвокатот Јордан Апостолски.

Претходно:

lence-ristoska

Интегритетот клучен за Стразбур, Ристоска опфатена со предметот за бонусите во СЈО, а комисијата ја предложил министерот чија сопруга е братучедка на кандидатката

Реакции покрена името на Ленче Ристоска, обвинителка за врски со Европравда, а порано дел од тимот на Специјалното јавно обвинителство, кога се најде на листата за судии во Стразбур. Покрај значајните предмети кои ги водела и позитивните критики, се фрла сомнеж на целата постапка поради нејзина далечна, но сепак роднинска врска со сопругата на министерот Тимчо Муцунски. Вклученоста на Муцунски во процесот е само како предлагач на членовите на Комисијата која ги оценува кандидатите, а што Владата ја избира на седница.Истовремено, првиот услов за предлог и избор на судиите во Стразбур е највисок морален углед, а Ристоска е опфатена во предметот за бонусите во СЈО. „Скопје1“ побара став од неа, околу овие прашања, како и тоа кога последен пат работела обвинителски предмет, со оглед на нејзиниот ангажман во Европравда – но не добивме одговор.Да станеш судија во Стразбур, за голем дел од правниците е највисоката функција која би можел да ја добиеш во кариерата. Но, во Стразбур, каде се бира еден од трите предлози кои ќе дојдат, пред сѐ се бара: „Судиите треба да уживаат висок морален углед“. Тоа, меѓу другото би значело личност против која не се водат никакви постапки, која не е инкриминирана во било какви незаконски дејанија, за која нема ниту сомнеж за корупција.За обвинителката Ристоска е познато дека е опфатена во предметот за бонусите кои биле исплаќани во СЈО. За овој случај се бараше и разрешување на републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски. „Скопје1“ инсистираше Обвинителството да даде одговор до каде е овој случај и каква одлука е донесена – но залудно. До овој момент, оттаму молк. За него се покрена и „војна“ помеѓу обвинители, откако Вишото обвинителство побара предметот да се реотвори, а републичкиот обвинител Љупчо Коцевски ја сметаше ваквата одлука за незаконска. Ја прашавме и Ристоска, дали тоа што е опфатена во овој предмет, придонесува кон тоа да ѝ е нарушен моралниот углед – но до овој момент не добивме одговор.Потоа, успеавме да ја потврдиме информацијата дека Ристоска е во роднинска врска со Симона Муцунска, сопруга на Тимчо Муцунски. Ова ни го потврдија и од Министерството за надворешни работи, од каде велат дека: „не се блиски роднини“. Сепак, токму МНР предлага членови на Комисијата до Влада, а истата е составена од претставници на министерството, Врховен и Уставен суд, Судски совет, Совет на јавни обвинители, Министерство за правда, универзитети. Владата има улога на одобрувач на предложениот состав, што ѝ го сторила. Ристоска не одговори на прашањето дали Муцунски имале удел во тоа предлогот со нејзино име за судија да допатува до Влада. Истовремено, МНР велат дека нема конфликт на интереси.„Во однос на прашањето за роднинската поврзаност на сопругата на министерот со еден од кандидатите, посочуваме дека станува збор за сродство од четврти степен по странична линија – однос кој, согласно позитивната законска регулатива, пред сè во контекст на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, не се смета за правно релевантен. Таквиот степен на сродство не создава обврска за изземање, не се пријавува како близок роднински однос и не претставува основ за преземање мерки за заштита од потенцијален судир на интереси. Министерот ниту има надлежност, ниту влијание врз процесот. Во конкретниот случај не постои основ за изземање, ниту за пријава на судир на интереси, ниту пак, постои ризик од нарушување на принципите на објективност и непристрасност“, велат од МНР.Сепак, за Европскиот суд за човекови права, доволно е да постои легитимен сомнеж дека судот не е непристрасен, за да утврди повреда на правото заштитено со Конвенцијата. Таму постои т.н. објективен и субјективен тест. Во случајот, Комисијата на МНР (орган кој заседава за апликантите) не го применува објективниот тест, поради сомнеж дека на листата селектира апликант кој е роднински поврзан со блиско лице на министерот. Тука е од второстепено значење, во кој степен се тие роднини. Во еден од стандардите на Европскиот суд за човекови права се содржи и т.н. објективен и субјективен тест, при што објективниот тест педвидува,  „трибуналот“ да биде составен од независни и непристрасни судии, но се осврнува и на перцепцијата на разумен набљудувач, кој треба да создаде слика дека „трибуналот“ е независен.Од МНР не добивме одговор на прашањето во однос на тоа дали според нив, обвинителката Ристоска го исполнува условот на Стразбур да ужива висок морален интегритет.Ристоска е обвинителката која го водеше еден од најголемите и најтешки случаи во Македонија, „Таргет-тврдина“, за прислушувањето, против Сашо Мијалков. Но и „Талир“ против челници на ВМРО-ДПМНЕ за незаконско финансирање на партијата, каде им го замрзна имотот. Сегашниот премиер, а тогаш само претседател на ВМРО-ДПМНЕ рече бил и уценуван со одмрзнувањето на имотот со продолжување на мандатот на СЈО. Истовремено, од обвинителката кандидат за во Стразбур не добивме одговор, дали тој интегритет е компромитиран поради случајот „Талир“ и начинот на распит на сведоците кој се коментираше во јавност.Пред девет години, Стразбур ја врати листата и не избра ниту еден од предложените кандидати за судии – што претставува и срам за државата. Ова не е единствен ваков случај. Во 2018 година, поради родниниски односи со премиерот Еди Рама, Стразбур не прифати да го избере Даиран Павли за судија. Во 2021 година, таков случај имаше Украина, чии кандидати беа одбиени поради сомнителен морален интегритет.Предлогот со името на Ристоска, но и судијката Габриела Гајдова и адвокатот Јордан Апостолски, треба да се најде на владина седница. Членовите ќе одлучуваат, по што листата ја доставуваат во Стразбур, а таму, конечната одлука ја носи Парламентарното собрание на Советот на Европа со мнозинство гласови.

Македонија | пред 7 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања