Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Скриената војна на Блискиот Исток: Саудиска Арабија возвратила на Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Саудиска Арабија наводно извршила тајни воздушни напади врз Иран како одговор на претходните ракетни и дронски напади врз кралството, тврдат двајца западни и двајца ирански официјални претставници.

— реклама —

Според наводите, нападите биле изведени кон крајот на март од страна на саудиските воздухопловни сили и претставуваат прв случај Ријад директно да преземе воена акција на иранска територија. Еден од западните претставници изјавил дека станува збор за „одмазднички удари“ по нападите врз Саудиска Арабија.

— реклама —

Во извештаите се наведува дека од почетокот на конфликтот Иран со ракети и дронови ги погодил сите шест земји од Советот за соработка на Заливот, таргетирајќи американски бази, аеродроми и нафтена инфраструктура, како и дека го затворил Ормускиот теснец, што предизвикало нарушувања во глобалната трговија.

Наводно, и Обединетите Арапски Емирати извршиле воени удари врз Иран, објави „Волстрит журнал“. Според извори, по нападите следувале интензивни дипломатски контакти меѓу Техеран и Ријад, по што двете страни се договориле за деескалација.

— реклама —

Ирански претставник потврдил дека целта на договорот била „прекин на непријателствата, заштита на заедничките интереси и спречување на натамошна ескалација“.

— реклама —

Во колумна за „Arab News“, поранешниот шеф на саудиската разузнавачка служба, принцот Турки ал-Фејсал, напишал дека раководството на кралството одлучило да „ги поднесе болките, предизвикани од соседот, за да ги заштити животите и имотот на своите граѓани“ и така да избегне „оган на уништување“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Иран го укина ограничувањето на дострелот на балистичките ракети од 2.000 километри

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryalkkhtimieqt3TijVuP

(Видео) Иран објави снимка од подземни поморски тунели со ракетни системи и воени чамци

Свет | пред 18 часа

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Иран најавува ново оружје и подземни ракетни градови: „Нема да можете да нè запрете“

Свет | пред 20 часа

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Две ракети погодиле стратешки важен ирански остров во Ормускиот Теснец

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања