Промени тема
Контакт

Слободата на Груби е колективен договор на политичките елити спроведен од државниот апарат, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
grubi-kovacevski

„Зад завесите на театарот за бегството на Груби се крие колективен договор на политичките елити. Случајот станува заташкан помеѓу меѓусебните обвинувања на некогашните коалициски партнери на ДУИ, но оградувањето од одговорност, нема да ја врати довербата во институциите, туку напротив - таа рудиментира“, вели Левица и додава:

— реклама —

Неисправни камери, заслабена гранична контрола, пропуст на контролниот полициски пункт, не се изговори на надлежните, туку алатки преку кои власта овозможила бегството да се реализира. Следејќи го развојот на настаните, сè поизвесно е како случајот се затвора на ниво на политички обвинувања каде со цел замачкување очи на јавноста, партиските послушници од последен ешалон, ги чека соочување со дисциплински мерки или симболична казна.

— реклама —

Државните институции уште еднаш се покажаа како лојален соработник на криминалците од политичката елита. На случајот му предничеше најава од извршната власт. Дипломатската логистика служела како транспорт, полицијата била нем посматрач, граничниот премин функционирал со врзани очи, а потерница е распишана неколку дена по реализацијата на „бегството“. Наместо гонење, државните институции стимулираат организиран криминал.

Левица бара одговорност за целиот случај, не само за граничарите и полициската контрола, туку и за политичката врхушка, којашто го организирала целиот случај!

— реклама —

Дополнително, покрај распишаната потерница, инсистираме да се побара екстрадација за Груби до Косово, бидејќи тие не се земја - членка на Интерпол и за нив меѓународната потерница не е обврзувачка.

— реклама —

Останувањето на уште еден криминалец на слобода, ќе значи дека законот важи само за обичниот човек, но не и за политичката елита.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања