Промени тема
Контакт

Словенија го одложи признавањето на Палестина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
palestina

Словенечкиот парламент денеска треба да расправа за признавањето на палестинската држава, но нема да гласа поради повикот на опозициската Словенечка демократска партија (СДС) да се одржи консултативен референдум за ова прашање, јавуваат медиумите.

— реклама —

Словенечката влада во четвртокот објави дека се приклучува на малиот број европски земји кои ја признаваат палестинската државност. Премиерот Роберт Голоб тогаш рече дека неговата влада се согласила со одлуката за признавање на Палестина и ќе ја достави мерката до парламентот за конечно одобрување.

Но, словенечката СДС вчера поднесе барање за одржување на консултативен референдум за признавање на Палестина. Според словенечките медиуми, лидерот на СДС Јанез Јанша изјавил дека одлуката на Владата да ја признае Палестина веќе и нанела долгорочна штета на Словенија „бидејќи ја поддржува терористичката организација Хамас“.

— реклама —

Референдумот веројатно нема да го запре признавањето на Палестина бидејќи владејачката коалиција има мнозинство во парламентот, но ќе го одложи за најмалку 30 дена, наведува СТА. Со признавањето на палестинската држава Словенија би тргнала по патот на Ирска, Норвешка и Шпанија.

— реклама —

Тие земји минатата недела официјално ја признаа независна Палестина. Шведска го направи тој потег пред десет години. Сите овие потези го зајакнаа палестинското прашање во светот, но го налутија Израел. Израелското Министерство за надворешни работи минатата недела ја осуди одлуката на Словенија да ја признае независната палестинска држава.

Министерот за надворешни работи Израел Кац рече дека одлуката, за која ќе гласа парламентот, е награда за Хамас за убиства и силувања. Во соопштението за печатот, Кац рече дека овој потег го зајакнува и Иран, непријателот на Израел и му штети на „блиското пријателство на словенскиот и израелскиот народ“.

„Се надевам дека словенечкиот парламент ќе ја отфрли оваа препорака“, додаде тој. Повеќе од 140 од 193 земји-членки на Обединетите нации ја признаваат Палестина како суверена држава. Западноевропските земји и САД долго време беа исклучок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

Словенија: 62 отсто од граѓаните користат алатки со вештачка интелигенција

Технологија | пред 1 ден

— реклама —
Skolo

Словенија ја укинува деветолетката

Балкан | пред 2 седмици

media-libraryvaljutm1i62s8UOong3

Автомобил завршил во дневна соба: Излетал од патот и пробил дел од фасадата и дрвената конструкција на стан во Словенија

Балкан | пред 2 седмици

media-libraryc0u26p09ga1h3SdRvYz

Висок полски функционер паднал од трет кат во Љубљана, околностите нејасни

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања