Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Словенија не дозволи слетување на израелски авион, летот пренасочен во Хрватска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Балкан
media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o
Unsplash / илустрација

Авион на израелската авиокомпанија „Исраир“, кој требало да слета во Љубљана, бил пренасочен кон Загреб откако словенечките власти не му одобриле слетување, соопшти компанијата.

Од „Исраир“ тврдат дека одлуката на словенечките власти била политички мотивирана. Извршниот директор на компанијата, Ури Сиркис, оцени дека ваквиот потег е спротивен на воздухопловните договори и на законодавството на Европската Унија.

— реклама —

Според неговите зборови, во обидите да се реши ситуацијата биле вклучени и израелското Министерство за надворешни работи, како и Управата за цивилно воздухопловство.

— реклама —

„Се обидовме да најдеме решение што ќе овозможи летот да се реализира според планот, но не успеавме“, изјавил Сиркис.

Засега не е познато поради кои причини словенечките власти не дозволиле слетување на авионот, а компанијата не објави дополнителни детали за случајот.

— реклама —

Инцидентот се случува неколку седмици по политичките промени во Словенија, каде што на 22 мај повторно за премиер беше избран Јанез Јанша, лидер на Словенечката демократска партија.

— реклама —

Неговиот претходник, Роберт Голоб, имаше значително покритичен став кон Израел. За време на неговиот мандат, Словенија ја призна Палестина во 2024 година, а во 2025 година воведе санкции против израелските министри Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрич.

Словенечките власти сè уште не се огласиле за случајот, поради што останува нејасно дали одлуката е поврзана со политички околности или со други причини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library96v5rst2puce42n0jT7

Неколку дена трае потрагата по исчезнатиот 19-годишен планинар од Србија на Триглав

Балкан | пред 1 седмица

— реклама —
media-library79u307dnpu67eS0Pubb

Нови камери на автопатите во Словенија: Забавувањето пред радарот повеќе нема да ве спаси од казна

Свет | пред 2 седмици

media-libraryh1p24huuef7gaJ63Xld

Во Словенија откриена нелегална фабрика за цигари вредна 30 милиони евра

Свет | пред 3 седмици

media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Возел во рикверц на словенечки автопат, двајца загинати, дете се бори за живот

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања