Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Словенија во четврток одлучува за признавањето на Палестина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска изјави дека словенечката влада во четврток ќе донесе одлука за признавање на палестинската држава, по што одлуката ќе биде испратена до парламентот на конечно одобрување.

Шефот на словенечката дипломатија Тања Фајон изјави дека гласањето во парламентот може да се одржи на 4 јуни.

— реклама —

Голоб за време на денешната посета на Алжир рече дека во меѓувреме Словенија ќе продолжи да работи со други земји за да создаде максимален притисок за итен прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас, пренесе агенцијата СТА.

— реклама —

Голоб посочи дека Словенија како одговорна членка на Советот за безбедност на ОН е должна да направи се што е во нејзина моќ за да постигне траен мир на Блискиот Исток.

„Ова е важна, навистина историска порака дека го признаваме постоењето на Палестинците, нивната државност и нивното право на самоопределување“, рече Фајон за СТА на маргините на отворањето на новите простории на словенечките дипломатски претставништва во Брисел.

— реклама —

Фајон нагласи дека одлуката за признавање на палестинската држава не е насочена против Израел, наведувајќи дека Словенија ќе продолжи да се занимава со воспоставување мир на Блискиот Исток и безбедност и на Израелците и на Палестинците.

— реклама —

Словенечката влада на 9 мај ја започна процедурата за признавање на Палестина, најавувајќи дека соодветната одлука ќе ја испрати до парламентот до 13 јуни.

Шпанија и Ирска утре треба да ја признаат Палестина заедно со Норвешка која не е членка на ЕУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryb02mpud7hebi5pryTkd

(Видео) Реките се излеваат, свлечишта затворија патишта: Словенија и Италија под силно невреме

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library96v5rst2puce42n0jT7

Неколку дена трае потрагата по исчезнатиот 19-годишен планинар од Србија на Триглав

Балкан | пред 2 седмици

media-library79u307dnpu67eS0Pubb

Нови камери на автопатите во Словенија: Забавувањето пред радарот повеќе нема да ве спаси од казна

Свет | пред 4 седмици

media-libraryh1p24huuef7gaJ63Xld

Во Словенија откриена нелегална фабрика за цигари вредна 30 милиони евра

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања