Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Смртта на новороденчето на ГАК е резултат на систем што штити хиерархија, а не живот, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-45-4810PM

Според Левица, смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје не претставува изолиран инцидент, туку е последица на длабок системски проблем во здравствениот сектор, каде, како што наведуваат, интересите на хиерархијата, бирократијата и формалностите се ставени над човечкиот живот.

— реклама —

Од партијата укажуваат дека на ГАК подолг период недостигаат педијатри-неонатолози и дека новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ имала обврска итно да реагира и да обезбеди стручен кадар, но тоа, според нив, не било сторено, што резултирало со повторување на трагични случаи.

Според Левица, интерната документација на ГАК, вклучително и пријавата од началничката на интензивна нега, д-р супспецијалист Елизабета Петковска, укажува дека педијатарката д-р Емилија Бадева извршила долготрајна, повеќекратна и неуспешна реинтубација во траење од околу 20 минути, по што дошло до дестабилизација и смрт на новороденчето.

— реклама —

Како што наведуваат од Левица, сведоштвата на специјализантките д-р Деспина Кочова и д-р Мевљане Ислами Лимани потврдуваат дека тие повеќепати ја предупредувале да ја прекине постапката.

Левица дополнително наведува дека интерните податоци отвораат сериозни сомнежи за можна употреба на алкохол од страна на д-р Бадева за време на работното време. Според партијата, овие сомнежи биле игнорирани од директорката на клиниката, д-р Ирена Алексиовска Папестиев, како и од надлежните институции.

„Директорката не ги известила Министерството за здравство, ДСЗИ ниту Јавното обвинителство цели два месеци, додека ДСЗИ подоцна се ограничува само на формални извештаи за медицинските состојби, без да го утврди суштинскиот причинско-последичен однос помеѓу несоодветната постапка и трагедијата. Министерот за здравство, Азир Алиу и директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, декларативно најавија формирање стручна комисија, но ова останува празна формалност ако не се обезбеди независна контрола и санкција на одговорните. Системот не овозможува вистинска контрола или санкции, дури и кога постојат сомнежи за алкохол или несоодветна постапка. Семејството на починатото новороденче, оставено без вистина и објаснување, се соочува со неизмерна болка и траума, жртвувајќи се на истиот систем кој ги штити своите формалности над животот. Недовербата и стравот што ги создава институционалниот молк се дополнителна неправда и трагедија. Овој случај е симптом на пазаризација, бирократизација и хиерархизација на здравството, што ги загрозува животите наместо да ги штити. Јавното здравство е претворено во инструмент за заштита на статус-квото, наместо да биде гарант на универзална грижа“, стои во соопштението.

Според Левица, неопходно е:

  1. Итна, независна и транспарентна истрага од Јавното обвинителство за сите аспекти на случајот;

  2. Одговорност за директорката д-р Ирена Алексиовска Папестиев, педијатарката д-р Емилија Бадева и сите лица кои, според наводите, прикривале информации;

  3. Јавно објавување на обдукцискиот наод на новороденчето;

  4. Законски измени што ќе овозможат реална контрола на медицинските постапки, вклучително и тестирање за супстанции во критични оддели;

  5. Крај на културата на молк и заштита на хиерархијата над животите;

  6. Темелна реформа кон јавно, транспарентно, колективно и социјално здравство;

  7. Итна едукација и вработување на дополнителни педијатри-неонатолози.

Од Левица дополнително го отвораат прашањето дали на ГАК постои јасен протокол за соработка со Детската клиника и Детската хирургија и дали навремено се прифаќаат сите новороденчиња за кои е проценето дека им е потребна специјализирана стручна помош.

„Секое новороденче заслужува шанса за живот. Секое семејство заслужува вистина. Секоја институција што молчи – станува соучесник во смрт“, порачуваат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

apasiev-sobranie

Апасиев: Универзитетските „дебати“ за новиот закон се фарса

Македонија | пред 3 дена

zgradi-treska

Левица бара од Давкова да не го потпишува новиот закон за легализација на дивоградби

Македонија | пред 4 дена

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев бил дискриминиран од Антикорупциска: Ќе ви бапнам и едно тужбиче за оштета плус, дојдете на јунска сесија да ве допрашам

Македонија | пред 5 дена

media-libraryl67klaqg5f99ag1MWw0

Левица: Дали експлоатација на минерали од приватна фирма ги загадува струшките извори?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања