Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Снег во западните делови и планините, од сабота дожд и пораст на температурите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
50234339_2307366386217032_5056187048772239360_n_2307366379550366

Облачно време со повремени локални врнежи од снег ќе преовладува денеска низ земјава. Пообилни снежни врнежи се очекуваат во западните делови, каде што снежната покривка на планините и на некои повисоки места може да достигне и до 25 сантиметри. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а утринските температури ќе се движат од минус осум до минус два степена, додека дневните ќе достигнат од нула до шест степени.

— реклама —
— реклама —

Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, минималната температура ќе се спушти до минус шест степени, а максималната ќе достигне до два степена.

— реклама —
— реклама —

Во наредните денови следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини се очекува појава на магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се најавуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

DSC_0038

До сабота релативно топло, од недела пристигнува заладување

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
IMG_1106

Денеска нè очекува променливо облачно време и слаб северен ветер

Македонија | пред 1 седмица

vreeme-1

Променливо облачно денес, од утре стабилно време и студени утра

Македонија | пред 1 седмица

media-library9qtpdb95l7f931bX0LS

Најстудено на Попова Шапка, во Струмица наврнаа 25 литри дожд – Македонија и денеска под облаци и со врнежи

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања