Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СНС го кандидира Вучиќ за премиер: Изборната листа ќе се вика „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Актуелниот српски претседател Александар Вучиќ би можел да се врати на премиерската функција доколку Српската напредна странка (СНС) победи на претстојните парламентарни избори. Главниот одбор на партијата денеска во Ниш донел одлука Вучиќ да биде носител на изборната листа и кандидат за иден премиер.

— реклама —

Изборната листа ќе го носи името „Александар Вучиќ – Обединета Србија“, соопштил лидерот на СНС, Милош Вучевиќ, на седницата на Главниот одбор.

Вучевиќ најавил жестока изборна кампања и ја претставил трката како избор меѓу Вучиќ и останатите политички опции. Според него, поддршката за другите листи би значела поддршка за таканаречената „блокадерска страна“.

— реклама —

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, оценила дека премиерската функција треба да му припадне на Вучиќ бидејќи, според неа, тој е единствениот политичар кој може да одговори на притисоците со кои се соочува земјата.

— реклама —

Брнабиќ истовремено тврдела дека СНС нема спор со студентите, туку со, како што ги нарекла, странски фактори кои наводно стојат зад студентските активности со цел соборување на српскиот претседател.

Таа најавила и дека на изборната листа на СНС ќе има повеќе студенти од бројот што го најавиле студентските иницијативи.

— реклама —

Шефот на пратеничката група на СНС, Миленко Јованов, пак, ги критикувал останатите политички кандидати, нарекувајќи ги „луѓе без лица“ и тврдејќи дека се под влијание на невладиниот сектор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvouc7e6vb534fTnQEFP

Вучиќ стана инфлуенсер, ги преплави социјалните мрежи со рилсови

Балкан | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryhf4i99pp6ejian0GUBQ

(Видео) Вучиќ објави видео како подготвува сендвич: „Јас сум човек од народот“

Настани | пред 6 дена

media-libraryg73ocqr6mh89dqUtXin

Вучиќ: Десетици илјади луѓе останаа без пари во Алта банка, најмногу Руси

Свет | пред 6 дена

media-library92amidutjmj865s26Ra

Откриени имињата на петте лица што Вучиќ ги помилувал пред заминувањето од власт

Балкан | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања