Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Со газење и палење на македонското знаме се славеше Денот на албанското знаме - Левица бара одговорност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mkd-zname-bitpazar

„Иредентизмот кои го стимулираат т.н. албански партии и ширењето омраза кон македонската држава ја доживеа својата кулминација! Освен блокираните улици со колони возила со развеани албански знамиња (меѓу кои и иредентистичкото на „Голема Албанија“), овие толпи „славеа“ со рафални истрели од огнено оружје, газење и палење на македонското знаме и уништување на македонски симболи во некои основни училишта“, велат од Левица.

„Особено вознемирувачки за мнозинскиот македонски народ е фактот што се пееја песни со содржина дека Скопје е албански град, што претставува директна провокација и навреда за Македонците. Дополнително, Министерството за внатрешни работи и Панче Тошковски, и покрај сето дивеење по скопските улици и улиците во другите градови каде се „славеше“, не презеде соодветни мерки за спречување и санкционирање на овие инциденти, што укажува на сериозен пропуст во заштитата на јавниот ред и мир.

— реклама —
— реклама —

Кога се работи за самоволието на албанската заедница, потсетуваме дека за време на 2 Август, еден од најголемите национални празници на Македонија, наместо да се организираат свечености за подигање на македонската свест, бевме сведоци како се игра шота пред Собрание на Македонија.

— реклама —

Левица бара од надлежните органи ИТНО да спроведат истраги за сите инциденти и тие соодветно да бидат санкционирани. Потсетуваме дека со молчење кон понижувањата не се гради соживот, туку само се потпомага во остварување на крајната цел на иредентизмот на ДУИ и ВРЕДИ, а тоа е федерализација и распарчување на Македонија“, соопшти Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dosnica

Нови сомнежи за Дошница: Левица тврди дека повторно се активираат концесиите за мини-хидроцентрали

Македонија | пред 3 дена

apasiev

Левица: Клековски го остави Фондот за здравство со милионски проблеми, ДПМНЕ го награди со министерска функција

Македонија | пред 4 дена

apasiev

„ДПМНЕ го награди неработењето на Фетаи со унапредување и уште еднаш го понижи македонскиот работник“, вели Левица

Македонија | пред 5 дена

media-librarycb1gujrm7h5h05ZNsW9

Левица: Со кривична пријава за финансиски криминал со МРТВ Цветковски ќе раководи со "Скопје 2028"

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања