Промени тема
Контакт
Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK 2:18:21

Со туѓи лични податоци подигнувале брзи кредити и присвоиле над 12 милиони денари, кривична за две кумановки и петмина банкари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 55 минути -

Македонија
media-libraryha29tpubltbk19n01fm
Илустрација / Скопје1

Две жени од Куманово и петмина банкарски службеници се соочуваат со кривични пријави поради сомнение за измама, злоупотреба на лични податоци и злоупотреба на службената положба, со кои повеќе граѓани биле оштетени за вкупно 12.221.500 денари.

— реклама —

Од СВР Куманово информираат дека кривична пријава е поднесена против А.С.Д. (23) и М.В. (35) поради сомнение за измама и злоупотреба на лични податоци, како и против петмина вработени во филијала на банка поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувањето.

— реклама —
— реклама —

Според пријавата, помеѓу јануари и јули 2026 година, првопријавената во 18 наврати користела лични податоци на повеќе лица за да аплицира за брзи потрошувачки кредити во нивно име, без нивна согласност. По одобрувањето и исплатата на кредитите, парите биле противправно присвоени од двете жени.

Останатите петмина пријавени, кои работеле како банкарски службеници, според сомневањата ѝ овозможиле на измамата да биде реализирана и да се располага со средствата. На тој начин, двете жени се стекнале со противправна имотна корист од вкупно 12.221.500 денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryica3mcf2p1hn4Q8B59q

Приведен гостиварец кај Ќафасан со околу еден килограм марихуана

Македонија | пред 31 минута

— реклама —
media-libraryanrnhoajmil6d3YOxlk

Непрописно преминување и непропуштање пешаци - 175 прекршоци во сообраќајна контрола низ Македонија

Македонија | пред 13 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

МВР приведе 10 возачи, седуммина возеле без возачка дозвола

Македонија | пред 20 часа

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Куп насилства: Нападнати жени на автобуски постојки, 19-годишник натепан кај Градски парк, а жена во семејниот дом

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања