„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња
„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња

Собранието ги костатираше оставките на Бислимоски и Ристовска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryr8636rpc6pth4SrwtZM

Собранието, денеска, во рамките на 85. седница, ги констатира оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, Марко Бислимоски, и на членката на Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси, Цвета Ристовска. По усвојувањето на дневниот ред, почнаа двочасовните опозициски прашања до премиерот и министрите.

— реклама —

На дневен ред на 85. седница се предлог-одлуката за давање овластување за склучување поединечен колективен договор, предлогот за избор на судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предлог-одлуката за избор на претседател и членови на Советот за граѓански надзор, предлог за именување на (непрофесионално ангажиран) член на Советот на експертите на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

— реклама —

Пратениците ја утврдија потребата за носење предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, со кој се предвидува продолжување на рокот за дополнителни пет години за легализација на бесправно изградените објекти, односно законот да важи до 3 март 2031 година.

— реклама —

Во прво читање се предлог-законот за органско земјоделско производство и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата во Република Северна Македонија.

На дневен ред на седницата е и предлог-резолуцијата за почитување на стандардите на правична постапка во меѓународното судење против поранешните челници на институциите на Република Косово.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2022-09-01-at-12.37.04

РКЕ и Бислимоски по кривичната од Финансиската полиција: Сѐ е постапено согласно закон

Македонија | пред 2 седмици

Bislimovski

Се враќа дневната евтина тарифа на струјата, вели Бислимоски

Македонија | пред 2 години

bislimovski1

Бислимоски призна дека заради лошото управување со ЕЛЕМ и криминалните тендери, народот ќе плаќа поскапа струја, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-05-30-222802

(ВИДЕО) Оди па сфати го сериозно, а ни крои цени на струјата: „Марко, плукни мастиката и излегувај од час“

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања