„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Собранието изгласа недоверба на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, сега тој е на потег!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-02-18-at-11.26.03

Собранието денес изгласа недоверба на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, откако беше разгледана интерпелацијата поднесена од партијата Левица, која доби поддршка и од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Со оваа одлука, одлуката за следните чекори останува на самиот обвинител – дали ќе поднесе оставка или ќе продолжи да ја извршува функцијата.

Од СДСМ порачаа дека судската власт мора да остане независна и дека јавноста заслужува професионално и непристрасно обвинителство.

— реклама —

Со оглед на тоа што најголемата владејачка партија ја поддржа интерпелацијата, се очекува Владата да поднесе и официјален предлог за разрешување на Коцевски – иницијатива што првично беше најавена уште пред трагичниот настан во Кочани.

Според член 87 од Законот за јавно обвинителство, функцијата на јавниот обвинител може да престане по сопствено барање, поради губење државјанство, трајна неспособност за вршење на функцијата, пензионирање, избор на друга јавна функција или правосилна судска пресуда со најмалку шест месеци затвор.

Дополнително, член 88 од истиот закон предвидува можност Владата, со претходно мислење од Советот на јавни обвинители, да поднесе предлог за разрешување, а Советот може и самостојно да иницира постапка. Во истиот член се наведува дека мандатот на јавниот обвинител може предвремено да заврши и во случај на тешка дисциплинска повреда или членување во политичка партија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања