Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Софија бара јасен сигнал од Скопје за добрососедство по вчерашниот инцидент - искрешен прозорец на бугарската амбасада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library38n8g98if9732elZMZw
ФБ

Бугарските власти очекуваат јасен и ефикасен одговор од институциите во Северна Македонија по хулиганскиот напад врз бугарската амбасада во Скопје, при кој беше искршен прозорец на дипломатската мисија.

Инцидентот се случил вчера, а според изјавата на бугарскиот амбасадор во земјава, Желјазко Радуков, веднаш била покрената истрага. Тој за бугарските медиуми изјави дека Софија е во постојан контакт со македонските надлежни органи, кои информирале дека работат на расветлување на случајот.

— реклама —

Засега нема официјална потврда дали сторителот е идентификуван или приведен.

„Немаме конкретни информации до каде е истрагата, но уверени сме дека таа се спроведува“, изјави Радуков.

— реклама —

Според бугарскиот амбасадор, настанот не може да се третира како изолиран инцидент. Тој оцени дека станува збор за дел од поширок контекст на, како што рече, напади и притисоци насочени кон бугарски институции и граѓани во Северна Македонија.

Радуков како причини ги наведе долготрајниот антибугарски дискурс во јавниот простор и, според него, отсуството на ефикасни санкции за вакви дејствија.

— реклама —

„Кога нема соодветна казна, се создава чувство дека ваквото однесување е дозволено. Наместо превенција, се охрабрува антагонизам“, рече амбасадорот.

Тој предупреди дека, според информациите со кои располага, се забележува постепено заострување на инцидентите – од оштетување на културни објекти до физички напади врз припадници на бугарската заедница. Нападот врз дипломатска мисија, додаде, претставува сериозна ескалација и преминување на чувствителна граница.

— реклама —

„Сега клучното прашање е дали властите во Скопје навистина се подготвени активно да работат на градење добрососедски односи“, изјави Радуков, во изјава пренесена од бугарската национална телевизија БНТ.

Тој оцени и дека, како што рече, недоволно енергичниот одговор на кривичните дела од омраза, заедно со постапките против бугарски активисти поради нивните јавни ставови, дополнително ја влошуваат атмосферата и го прошируваат кругот на можни сторители на вакви напади.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycfad3jn6qmij1qbmmv0

Од „предизвикување општа опасност“ до загрозување на лица под меѓународна заштита: 30 дена притвор за осомничениот за пожарот пред бугарската амбасада

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryjs5sspb67kccdpdmEgz

Бугарската амбасада во Скопје реагира за најавените блокади на граничните премини

Македонија | пред 3 седмици

media-librarycfad3jn6qmij1qbmmv0

(Видео) Снимка од палењето на автомобилите кај Бугарската амбасада во Скопје

Скопје | пред 3 седмици

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата го осуди палењето на дипломатски возила кај Бугарската амбасада во Скопје

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања