Промени тема
Контакт

Сомнеж за саботажа: Водечкиот брод на флотата кон Газа повлечен од употреба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
kineski-brodovi-tajvan

Хуманитарната флотила што плови кон Газа се соочи со сериозен проблем откако водечкиот брод „Family“ откажа кај бреговите на Крит поради дефект на моторот. На бродот имало 31 член на екипажот и патници, кои ќе бидат прераспределени на останатите пловила во мисијата. Организаторите не ја исклучуваат можноста дефектот да е резултат на саботажа.

Британско-палестинскиот новинар Киран Андрију, кој патува на еден од бродовите што носат хуманитарна помош кон Газа со цел да се пробие долгогодишната израелска блокада по море, објави дека „Family“ претрпел голем дефект и денеска ќе биде повлечен од употреба.

— реклама —
— реклама —

Бродот што ја водеше флотата со помош за Газа е изваден од погон поради дефект на моторот, откако синоќа се расипа кај бреговите на Крит. Но, мисијата не е завршена и флотата останува решителна да отплови за Газа и да ја разруши блокадата, изјави Андрију.

— реклама —

Тој додаде дека и покрај обидите на луѓето од другите бродови да го поправат моторот, напорите биле неуспешни. Сепак, сите 31 патник и член на екипажот од „Family“ ќе имаат можност да се префрлат на другите бродови во составот на флотата, со што никој нема да мора да се откаже од мисијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library7a81hgkupgek64nm5RU

(Видео) Мршојадци слетуваат на лежалки и автомобили на Крит: Причината ги изненади туристите

Патувања | пред 3 дена

media-library9f84lsrvpe7v8sV5gg4

Балос, Елафониси и Фаласарна под притисок: Крит сака да го ограничи бројот на туристи

Патувања | пред 2 седмици

tunis-migranti-camac-830x0

Нов бран мигранти на Крит: Над 100 лица пристигнаа во текот на ноќта

Свет | пред 2 седмици

media-library80ut1svb25vc0HZ0iWD

Пожар беснее на Крит, силниот ветер го отежнува гаснењето

Балкан | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања