Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Сончево и топло со локални врнежи, од четврток доаѓа заладување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
sonce-oblaci-1

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер во источните делови од југозападен, а во западните делови од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.

— реклама —

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.

— реклама —
— реклама —

Денес и утре времето ќе биде топло, наместа со појава на пороен дожд и услови за ретки грмежи. Во четврток, под влијание на влажна и постудена воздушна маса, ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m²).

— реклама —

Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Од петок до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

DSC_0038

До сабота релативно топло, од недела пристигнува заладување

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
IMG_1106

Денеска нè очекува променливо облачно време и слаб северен ветер

Македонија | пред 1 седмица

vreeme-1

Променливо облачно денес, од утре стабилно време и студени утра

Македонија | пред 1 седмица

media-library9qtpdb95l7f931bX0LS

Најстудено на Попова Шапка, во Струмица наврнаа 25 литри дожд – Македонија и денеска под облаци и со врнежи

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања