Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Сончево и топло, температурите до 34 степени – од среда дожд, грмежи и засилен ветер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
sonce-oblaci-1

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен правец, кој повремено ќе засилува, додека долж Повардарието и во источните региони ќе преовладува југоисточен ветер.

— реклама —

Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните ќе достигнат од 27 до 34 степени Целзиусови.

— реклама —

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе изнесува околу 13 степени, а максималната ќе достигне до 34 степени.

— реклама —

Според прогнозите, во текот на новата работна седмица ќе преовладува топло време. Во вторник ќе има локален развој на нестабилна облачност, додека во среда на повеќе места се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

— реклама —

Од четврток повторно ќе доминира сончево време со променлива облачност во текот на денот, а температурите ќе останат високи за овој период од годината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

DSC_0038

До сабота релативно топло, од недела пристигнува заладување

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
IMG_1106

Денеска нè очекува променливо облачно време и слаб северен ветер

Македонија | пред 6 дена

vreeme-1

Променливо облачно денес, од утре стабилно време и студени утра

Македонија | пред 1 седмица

media-library9qtpdb95l7f931bX0LS

Најстудено на Попова Шапка, во Струмица наврнаа 25 литри дожд – Македонија и денеска под облаци и со врнежи

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања