Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Сопартиец на Меџити и портпарол на ВРЕДИ го сместуваат во Советот на обвинители, обвинува Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-12-03-at-08.43.21

„Иако Законот за Советот на јавните обвинители на РМ предвидува децидна забрана за членување во политичка партија на членовите на Советот - коалицијата ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со одлучна дрскост, сепак реши за член на Советот на ЈО да го смести Адриан Демири којшто е истакнат сопартиец на вицепремиерот Изет Меџити и често портпарол на коалицијата ВРЕДИ“, вели Левица и додава:.

Наместо универзитетски професори, поранешни судии на Уставниот суд, меѓународни судии, истакнати правници како што наложува Законот - владејачката гарнитура која ветуваше реформи во правосудниот систем, одлучи да продолжи по теркот на СДС и ДУИ, па како ‘гарант’ за правда, инсистира на Демири со просек 6,97 на додипломските студии. Неговата биографија и прилози не содржат никаква надеж дека довербата од 2% воопшто би се покачила.

Имено, Ардиан Демири личната биографија ја започнува со функциите и позициите на неговиот покоен татко, а на една страна од вкупно три, објаснува за статусот на неговото семејство. На втората страна објаснува за неговото вработување во Општина Струга уште за време на неговите средношколски денови и позициите во Општината обезбедни од страна на градоначалникот Рамиз Мерко. На третата страна како доказ за неговата истакнатост, наведува шест гостувања на Алсат ТВ.

— реклама —

Демири неговата проактивност и стручност ја докажува и со дури пет приложени сертификати, и тоа за: Подготовка за полагање на правосуден испит; Учество на обука за стратешко планирање за општините; Учество на обука за правда прилагодена за децата; Семинар за набљудување на судските процеси; Семинар за договорите за финансиски лизинг.

Од јавно достапните информации, а согласно доставената документација како кандидат, евидентно е дека предлогот на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ за член на Советот на ЈО, Адриан Демири, запишал, но не ги завршил постдипломските студии од областа на граѓанското право.

— реклама —

Според јавните објави на Демири на социјалните мрежи, може да се заклучи дека врв на неговата правничка кариера е успехот да го ослободи од казна затвор албанскиот играорец кој на Велигден постави големо албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид изјавувајќи дека Охрид е албански град.

— реклама —

Македонските граѓани повеќе од три децении се ускратени од правда и правна сигурност од некомпетентен и корумпиран правосуден систем во распад со 2% доверба. Бизнис елитите на криминалните политички партии ДПМНЕ, СДС, ДУИ и нивните деривати, со секое доаѓање на власт, брзаат со поставување на свои партиски послушници на чело на правосудните тела, а со цел обезбедување на комоција во криминалното владеење и зацврствуање на сопствената моќ.

Овој предлог доаѓа во време на најавите на власта дека започнува чистка на обвинителите и судиите блиски до претходната власт, со што јасно се обелоденува вистинската намера на новите властодршци - узурпација преку поставување на сопствени кадри избрани во партиските штабови, далеку од предизборното ветување за борба со криминалот и решавање на овој горлив проблем на македонското општество.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања