Промени тема
Контакт

„Создадовме општество во кое е нормално да си криминалец, но е забрането така да го наречеш“, жестока порака од Најчевска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

Професорката Мирјана Најчевска во објава на социјалните мрежи остро ги критикува општествените состојби, посочувајќи дека во земјата се создава атмосфера во која негативните појави стануваат прифатливи, додека нивното јавно именување се смета за проблем.

Таа вели дека станало „нормално“ некој да биде неспособен, да добие јавна функција, да носи лоши одлуки и потоа да влијае врз воспитувањето и образованието на новите генерации, но дека е неприфатливо таквата личност да биде наречена со вистинското име.

— реклама —

Според Најчевска, слично е и со криминалот. Таа критикува што, како што наведува, луѓе со криминални интереси можат да стигнат до функции, да креираат политики и да се опкружат со истомисленици, додека оние што јавно го посочуваат проблемот се соочуваат со осуда.

Во својата објава таа се осврнува и на лагите, посочувајќи дека е создадено општество во кое некој може да гради кариера врз основа на невистини, но истовремено е непожелно таквото однесување да се именува и критикува.

— реклама —

Најчевска оценува дека најголемиот проблем е што оние што ја имаат моќта можат да носат одлуки со кои ја загрозуваат сегашноста и иднината на граѓаните, додека граѓаните се ограничени во можноста гласно да се спротивстават и да се борат за своите права и иднина.

— реклама —

„Кое тажно општество создадовме“, заклучува Најчевска.

media-librarytocrr7lrd096fq3D3Ci

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

Најчевска: „Не може да постои добронамерен бог, тоа е апсурд“

Коментари | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

„Се дават во ѓубре, дишат загаден воздух, правосудството е корумпирано“: Најчевска прашува до кога

Коментари | пред 2 седмици

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

Најчевска за затворениот предмет за модуларните болници: За вакво нешто се тресе држава, а кај нас повторно ќе се заборави

Коментари | пред 3 седмици

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

„Додека Јавното обвинителство и судовите не станат независни институции, секој криминалец кој ќе дојде на власт ќе биде заштитен“, вели Најчевска.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања