Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, смета дека политичка партија сакала да ја уништи истрагата која се водеше, а резултираше со акција пред два дена.
„Прес-конференциите и шпекулациите од политичка партија имаше за цел да ја уништи оваа истрага. Основата не може да биде рекла-казала муабети, а истрагата не може да се темели во шпекулации. Во повеќе наврати сум споменал дека пред изнесување на информации од истрагата, кои се базираат на шпекулации, штетат на истрагата. Паралелна истрага од аматери им помага на криминалците да се извлечат, затоа ги прави соучесништво во делото. Во неколку наврати МВР испрати до ОЈО известување за овие активности и очекувам да се бара одговорност за ваквите постапки“, рече Спасовски.
(ВИДЕО) 2,2 тони прекурсори требало да влезат во Македонија, Спасовски и со детали за акцијата пред два дена
Со фактура за мобилна галантерија во Македонија биле внесени таблети кои не се регистрирани во Агенцијата за лекови. Полициски службеници асистирале, а еден од нив, имал и задача да биде чистач на патот за да се пренесе стоката. Министерот за вратрешни работи, сподели детали за апсењето на полицајците и царинските службеници, односно акцијата која се одржа завчера.„Самиот влез на овие таблети е кривично дело“, кажа Спасовски.За сите царински службеници има докази дека се инволвирани во внесот на
Македонија | пред 4 години
Детали за акцијата: Под истрага девет лица за криумчарење и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги - двајца се полицајци
По повеќемесечно постапување под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денес од страна на МВР беше спроведена акција на повеќе локации во Куманово и Скопје. Надлежен јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против деветте лица од кои двајца полициски службеници и петмина царински службеници. Лицата се осомничени дека сториле кривично дело Криумчарење од член 278, а на тројца на товар им с
Македонија | пред 4 години