Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Спасовски три месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90.000 евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library136d6v2fe5ldcyBsviC

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со нови, остри обвинувања кон поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, тврдејќи дека тој свесно го одложувал затворањето на станица за технички преглед во Сарај и на тој начин им овозможил на нејзините сопственици да стекнат противправна имотна корист од околу 90.000 евра.

Според опозицијата, Спасовски три месеци го држел во фиока решението за затворање на станицата – истата станица каде технички преглед поминал и автобусот на „Беса Транс“, во кој загинаа 45 патници во тешката несреќа во Бугарија.

— реклама —

„Зошто Спасовски три месеци не го потпишувал решението за затворање на станицата? Дали зад заштитата стои нешто друго?“, прашуваат од партијата, додавајќи дека поранешниот министер го ставил својот потпис на решението дури три дена по трагедијата со „Беса Транс“.

Според нивните пресметки, во периодот додека решението било стопирано, станицата заработила над 5,5 милиони денари, односно околу 90.000 евра.

— реклама —

Опозицијата дополнително прашува колку потенцијално небезбедни возила ја поминале контролата во тој период и дали на тој начин била загрозена безбедноста на илјадници возачи низ државата.

„Оливер Спасовски ја загрозил безбедноста на илјадници возачи во државата. Јавното обвинителство треба веднаш да постапи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата обвинува дека СДСМ, наместо да се огради од ваквите постапки, „ги штити криминалците во своите редови“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarykniripgh1s9f9hlOtNG

„ВМРО да не бега од законот што самите го најавуваа за ограничување на двојните државјанства за министрите“, вели Спасовски

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryq3dumuaedl9q64juy5i

Спасовски до Трипуновски: Дали 1.500 вработени во земјоделството ги оставивте без здравствено осигурување?

Македонија | пред 1 месец

media-librarykniripgh1s9f9hlOtNG

Спасовски: Укинувањето на техничката влада не е реформа, туку чекор назад

Македонија | пред 1 месец

media-library0p36a3c8g4c76zvPTF3

Спасовски: Законот за двојни државјанства да важи веднаш и за пратениците и за Владата

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања