Промени тема
Контакт

„Специјалниот бугарски пратеник Филипче спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт“, вели Лефков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryf6m0tuso1viifoOWArW

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е подготвен да ги прифати уставните измени под условите на Бугарија со цел повторно да дојде на власт.

„Специјалниот бугарски пратеник Филипче е спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт“, изјави Лефков.

— реклама —

Тој оцени дека програмата на Филипче не ја добива поддршката што ја очекува, поради што, како што рече, се впушта во „романса со Бугарија“ за да им се допадне на граѓаните.

Според Лефков, повеќе од 80 проценти од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не треба да се прифатат без јасни гаранции за европската иднина на државата. И покрај тоа, тврди тој, Филипче и раководството на СДС би ги прифатиле бугарските барања.

— реклама —

Лефков порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги штити националните интереси и да ја следи волјата на граѓаните, нагласувајќи дека владејачката коалиција ја има нивната силна поддршка.

— реклама —

Обвинувањата изнесени од Лефков претставуваат политички ставови на ВМРО-ДПМНЕ, додека од СДСМ засега нема реакција на овие наводи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library24ubprpnhmtlb1oaiUB

(Видео) Лефков: Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар

Македонија | пред 5 дена

media-libraryvle5a30ce9i72ESJSCs

Лефков: Филипче и „лојалистите“ повторно се вратија на политиката на поделби

Македонија | пред 2 седмици

media-library3i537g3oi4o39L2SJDh

Лефков: Македонија е лидер во спроведувањето на Реформската агенда, СДС, ДУИ и Левица го попречуваат изборниот процес

Македонија | пред 1 месец

media-libraryar7am7df3pgf8AfbBtI

Лефков: Целта на владината реконструкција е поефикасно функционирање на институциите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања