„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Спортска опрема за секое училиште – нова ера за младите во Ѓорче Петров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
gjorce-oprema-3

Општина Ѓорче Петров е една од двете скопски општини вклучени во пилот проект на Македонскиот олимписки комитет (МОК) за поддршка на училишниот спорт. Во рамки на оваа иницијатива, МОК донирше спортска опрема на училиштата со цел да ги поттикне младите кон физичка активност и здрав живот.

— реклама —

Со новата опрема, учениците ќе можат да учествуваат и да уживаат во различни спортски активности, како фудбал, кошарка, ракомет и одбојка, во значително подобрени услови. Оваа иницијатива е насочена кон поттикнување на младите да ги развиваат своите спортски таленти и да создаваат здрави навики.

— реклама —

На настанот, кој се одржа во соработка со МОК, беше организирана и обука за наставниците по физичко образование со цел унапредување на наставните спортски активности. Дополнително, планирано е одржување централен спортски настан за наставниците и учениците, што ќе ја зацврсти оваа плодна соработка.

„Оваа донација е само почеток на серија активности со кои сакаме да го подигнеме нивото на спортот и физичката активност во општината. Младите се нашата иднина, а нивниот развој и здравје се наш врвен приоритет. Можеби следниот олимпиец ќе потекнува токму од Ѓорче Петров!“, изјави градоначалникот Александар Стојкоски.

Покрај донациите, проектот опфаќа и едукативни активности за наставниците, со цел унапредување на спортските програми и организација на заеднички спортски настани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

prvacinja

Општина Ѓорче Петров со ранци и учебници за сите првачиња

Скопје | пред 4 месеци

rascistuvanje-na-sneg-1

Eкипите на општина Ѓорче Петров на терен од рано утро

Скопје | пред 1 година

GP

(Видео) Стојкоски: Затекнавме општина во долгови и населени места без инфраструктура, денес Ѓорче Петров расте и се модернизира

Скопје | пред 1 година

postavuvanje-stolbcnja

Општина Ѓорче Петров ги засилува безбедносните мерки во сообраќајот: поставени нови столбчиња и пешачки премини, следуваат успорувачи на брзина пред училиштата и градинките

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања