Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Спортски ден во ООУ „Живко Чинго“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

ОО
IMG-93f193319a57e8866b757aab739ebe59-V

Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески претпладнево во спортската сала Тодор Александров во с. Велгошти се обрати на отворањето на Спортскиот ден што го организира ООУ „Живко Чинго“ и Сојузот на училишен спорт од Охрид , а по повод 144 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Александров.

Во своето обраќаање Секретарот Китески истакна:

– Охрид во изминатите неколку години прерасна во партнер на спортот во Охрид. Континуираното инвестирање во спортот, во спортската инфраструктура, во поединците веќе вродува со плод, за кое што лично можам да кажам дека сум многу горд. Охрид живее во духот на спортот.

Во оваа прилика сакам да изразам благодарност до оранизаторите на овој настан, бидејќи нивните активности за афирмација и подигање на спортската култура особено кај најмалдите се во корелација со заложбите на Општина Охрид.

— реклама —

Незимерна е радоста да се гледа во деца чии лица ги краси насмевка и задоволство. Токму такви се лицата денес на учесниците на овој спортски ден. Она што го прави посебен овој настан е тоа што преку спортска игра ќе научите дека постојаноста и посветеноста се најважни, а тие карактеристики ќе ви помогнат така да се однесуваат и во сите други области во понатаможниот живот.

— реклама —

Дополнителен бенефит на ваквите манифестации е тоа што придонесуваат за правилен психо-физички и социјален развој на нашите најмили – децата. Со правилен психо-физички и социјален развој градиме здрава иднина, како што вели народната поговорка, „Во здраво тело – здрав дух“.

— реклама —

За крај од моето обраќање дозволете ми да ги употребам зборовите од американскиот спортист Џим Валвано, „Никогаш не се откажувајте, Падовите и неуспесите се првиот чекор кон успехот!“-подвлече Китески.

Младите спортски таленти се натпреваруваа во дисциплините фудбал, баскет за машки и женски екипи, пинг понг и шах за мажи и жени. Подобрите во натпреварувачкиот дел ќе бидат наградени со пехари и медали.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjviec318d2gs8q8fGhd

Во недела во Охрид стартува музичкиот караван за 35 години независност

Македонија | пред 17 часа

media-library4susnij26bgr3UZtPeJ

(Видео) Ечеше „Бисер балкански“ и „Лихнида“ во Охрид: Млади улични артисти собраа публика како на концерт

Магазин | пред 1 ден

media-librarycpcdcuujs6rvdaLLCZF

(Видео) Сакаат да ја избегнат утрешната гужва, заглавија вечерва: долги колони од Охрид кон Скопје

Македонија | пред 2 дена

media-libraryvo0qqe4h52a392pOjWG

Драма во Охрид: Со нож му барал пари на малолетник, нападнал и скопјанец

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања