Промени тема
Контакт

Спречен обид за криумчарење кај Табановце: Запленети 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryt4qtgtqior6pamedgEK

Секторот за контрола и истраги при Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички, со вкупна проценета вредност од 1,2 милиони денари. Против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик.

Осомничениот бил запрен за контрола од мобилен царински тим во внатрешноста на државата, непосредно по влезот преку граничниот премин Табановце. При извршената контрола биле пронајдени 4.752 пакувања никотински ќесички кои содржат никотин, како и дополнителни 48 пакувања никотински ќесички – снус, кои покрај никотин содржат и тутун. Стоката и возилото се запленети, а лицето е приведено на сослушување од страна на инспекторите за истраги.

— реклама —
— реклама —

Според информациите од Царинската управа, во предистражната постапка е утврдено дека стоката требало да биде предадена на лице против кое минатата година била поднесена кривична пријава за прикривање стока предмет на криумчарење, конкретно цигари без акцизни маркички и за царинска измама.

— реклама —

По целосното завршување на истрагата, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за кривично дело криумчарење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq8tfqndkobls8lTwIoy

Приведен висок функционер на Царината, кај него пронајдени обележани 17.500 евра

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0evp966s0u5131urIAf

Царината со засилени контроли на Охридското Езеро: Проверени 38 пловни објекти

Македонија | пред 1 месец

media-librarysdf7kol50cdjbsB7axH

Грчки државјанин на Табановце изјавил дека носи 60.000 евра, цариниците при контрола откриле повеќе од 124.000 евра

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv772s79mfk0dfEMHTpa

Царината воведува паметни граници и автоматизирани царински терминали

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања