Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Спречен увоз на над 23 тони пилешко месо од Бразил поради ризик од птичји грип

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
pilesko-meso

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречи увоз на 23.685 килограми замрзнато пилешко месо со потекло од Бразил, поради непочитување на важечката забрана поврзана со заштитата од високопатогена авијарна инфлуенца, позната како птичји грип.

— реклама —

Како што информираат од АХВ, официјалните ветеринари ја одбиле пратката бидејќи месото било произведено во јануари 2025 година, додека според донесеното решение е забранет увоз на пратки добиени од животни кои биле заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

— реклама —
— реклама —

Ова не е прв ваков случај. Од Агенцијата потсетуваат дека во декември 2025 година, поради истата причина, на граничен премин била вратена во Бразил и пратка со повеќе од 26 тони замрзнати пилешки батаци.

Од АХВ апелираат до увозниците доследно да ги почитуваат законските прописи, подзаконските акти и стандардите за безбедност на храната, нагласувајќи дека заштитата на здравјето на граѓаните останува врвен приоритет и за институцијата и за државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library28toi26mc2fr31iJkmx

Одземени околу два тона небезбедно месо во Радовиш и 50 килограми месни производи во Пепелиште

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryc25mrd6h2n162muoaAi

Уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора на приватен имот во општина Василево

Македонија | пред 4 дена

media-libraryvbr6e45ufdd43WYhghA

Запленети над пет тони овошје и зеленчук што нелегално се продавале на скопските пазари

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryp7j0pohh0mkc1MsEVlk

Еден тон забранети пилешки желудници запленети и уништени во месарници во Охрид и Струга

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања