Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Спречени обиди за криумчарење на над 16 илјади парчиња лекови, забни импланти, опрема за тетовирање, овошје и зелечук и златен накит

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryj1p81phfp0f05Onaztl

Царинската управа спречи криумчарење на над 16.000 парчиња лекови (вредни 1,6 милиони денари) во автобус на релација Турција–Косово, сокриени зад седишта и во вентилација; поднесена е кривична пријава и лековите се одземени. На Аеродром Скопје се откриени 116 забни импланти (околу 1 милион денари) и 1.463 титаниумски пирсинзи со опрема за тетовирање; за имплантите има кривична, а за другото прекршочна постапка. На ГП Богородица запленети се 12,5 тони непријавено овошје и зеленчук (1,4 милиони денари) и златен накит (581.900 денари); поднесени се кривични пријави.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Царинската управа спречи обиди за криумчарење на над 16 илјади парчиња лекови, 116 парчиња забни импланти, опрема за тетовирање, над 12 тони овошје и зелечук и златен накит. Во три случаи против осомничените се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик.

Вкупно 16.051 парчиња непријавени лекови, со вредност од 1,6 милиони денари, се пронајдени при контрола на автобус кој е стопиран во внатрешноста на државата од страна на мобилен царински тим и тим од службата за скенирање при Одделението за оперативни работи во рамки на Секторот за контрола и истраги. Станува збор за автобус во сопственост на туристичка агенција од Косово, кој сообраќал на релација Турција – Косово, во кој при детална контрола се пронајдени вкупно 623 вијали Prolutex (за хормонска терапија и за поддршка на бременост), 15 илјади таблети Jardiance (за лекување дијабет), како и 428 парчиња раствори за инјекции што се користат за визуелизација при магнетна резонанца – 61 вијала Clariscan, 355 вијали Gadovist и 12 вијали Genburto. Дел од нив, 428 вијали, се откриени при првична контрола во црна најлонска ќеса скриена позади седиштата, по што автобусот е спроведен до царински терминал за детална контрола, по што во фабричките шуплини на вентилацијата се пронајдени преостанатите 15.623 парчиња лекови. Против двајца осомничени од страна на Одделението за истраги е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, а лековите се трајно одземени.

— реклама —

Турски државјанин, преку граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје, се обидел во државава нелегално да внесе 116 забни импланти кои подлежат на посебни дозволи за увоз. Во намерата е спречен од царински службеници кои при контрола на личниот багаж ги открија непријавените импланти, чија вредност изнесува еден милион денари. Против осомничениот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“.

— реклама —

На Меѓународен Аеродром Скопје минатата недела е откриен и обид за криумчарење на 1.463 парчиња пирсинг од титаниум и опрема за тетовирање – 32 парчиња ножици и 70 парчиња игли за тетовирање, кои подлежат на посебни дозволи за увоз од надлежна институција. Сторителот на прекршокот е државјанин на Шпанија, кој патувал со лет Стокхолм – Скопје, со крајна дестинација  Кипар. Непријавената стока е запленета, а против сторителот е поведена прекршочна постапка.

— реклама —

Царински службеници на граничен премин Богородица спречија обид за шверц на 12,5 тони овошје и зелечнук во вкупна вредност од 1,4 милиони денари. Имено при контрола на стока во транзитна постапка, пронајдени се 750 кг ананас, над три тони авокадо, 2,5 тони лута пиперка, 600 кг брокула, 2,3 тони јагоди, 3,3 тони киви и 40 кг печурки кои не биле пријавени со царинската декларација. Непријавената стока која осомничениот се обидел да ја криумчари е запленета, а против него од страна на Одделението за истраги е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“.

— реклама —

На Богородица царинските службеници, спречија и обид за криумчарење на златен накит со вредност од 581.900 денари, за којшто сторителот се обидел да избегне плаќање давачки во износ од 207.738 денари. Златниот накит е запленет, а против сторителот на кривичното дело од страна на Одделението за истраги е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик“, информираат од Царинската управа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjteni6gc5do82zwLBkt

(Видео) Патник од Шпанија фатен со илјадници парчиња пирсинг на скопскиот аеродром

Македонија | пред 4 часа

media-libraryhlm5pi2vf9qvfUQRYgz

(Фото) Скриени меѓу пакувања кафе: фотографии од запленетите 580 куршуми во автобус на „Дурмо Турс“ на Табановце

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryjqqctkb48o2saL4Az5h

(Фото) Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун вредни 384 илјади денари

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryvvfhsg2usard6eoN7OU

(Фото) На скопскиот аеродром запленети 150.000 фунти кај патник кој патувал за Лондон

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања