Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Србија дава до 2,5 милиони динари за куќа: Еве кои имаат право на помошта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
srpski-dinari

Мајките со деца до една година во Србија ќе можат да добијат до 2,5 милиони динари државна помош за купување селска куќа со двор, доколку ги исполнуваат условите од двете програми за државна поддршка.

Владата на Србија во технички мандат денеска ја усвои Уредбата со која се овозможува комбинирање на две мерки – едната преку Министерството за грижа за селото, а другата преку Министерството за грижа за семејството и демографијата.

— реклама —

Преку Програмата за купување селска куќа со двор може да се добијат до 1,5 милиони динари, додека дополнителни до еден милион динари се обезбедуваат преку субвенцијата за купување прва недвижност по основа на раѓање дете. Со тоа, куќа чија пазарна вредност не надминува 2,5 милиони динари може да се купи без дополнително вложување сопствени средства.

Министерката за грижа за семејството и демографијата во технички мандат, Јелена Жариќ Ковачевиќ, изјави дека поврзувањето на двете мерки создава услови мајките преку купување селска куќа трајно да го решат станбеното прашање.

— реклама —

„Сакаме да ја унапредиме структурата на населението во руралните подрачја, да го поттикнеме демографскиот развој и на семејствата да им обезбедиме поконкретна поддршка во моментот кога решаваат едно од најважните животни прашања“, рече таа.

— реклама —

Според неа, семејствата, односно мајките кои сакаат да живеат и работат во селските средини и ги исполнуваат условите на двете министерства, на овој начин полесно можат да дојдат до дом што одговара на нивните потреби.

Министерството за грижа за семејството и демографијата и Министерството за грижа за селото на 28 август потпишале Меморандум за соработка за поврзување на двете мерки.

— реклама —

Претходно, на 11 септември, Владата усвои измени на програмата за доделување неповратни средства за купување селска куќа со двор за 2026 година, со што правото на учество било проширено и на мајки на новородени деца, без старосно ограничување за мајката.

Со денешното усвојување на Уредбата, според Владата, се создаваат дополнителни услови заинтересираните семејства да ги искористат средствата од двете програми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 16 часа

— реклама —
media-library7f5e8qmn8ij423xF0pr

Цистерна со цемент излетала од патот кај Белград, двајца повредени

Балкан | пред 1 ден

brnabikj

По станот во Белград, шефот на кабинетот на Брнабиќ купил и луксузен имот во Тиват

Балкан | пред 3 дена

policija-srbija

Го претепале до смрт сведокот за случајот со малата Данка Илиќ, уапсени осум полицајци во Србија

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања