Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Србија до 2027 ќе добие гасна врска со Македонија и Грција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Балкан
media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP
фото: unsplash

Министерката за енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ денеска во Атина изјави дека Србија до крајот на 2027 година ќе добие гасна интерконекција со Македонија и Грција, преку која ќе се поврзе со грчкиот гасоводен систем.

Ѓедовиќ Хандановиќ учествуваше на состанок на министрите за енергетика на Србија, Грција, Бугарија и Македонија, каде беше разговарано за идната регионална соработка и енергетската поврзаност во Југоисточна Европа.

Таа истакна дека оваа година во Србија ќе започнат работите за изградба на гасниот интерконектор кон Македонија, кој треба да биде завршен до крајот на 2027 година.

— реклама —

„Кај нас се обезбедуваат локациските услови и за интерконекторот и за делот од северната гасоводна мрежа во Србија, од Орљане до Врање. Во таа смисла, оваа година започнуваат работите што ќе завршат до 2027 година“, изјави министерката.

Таа додаде дека грчката страна до крајот на оваа година ќе го заврши својот дел од интерконекторот со Македонија, а поврзувањето со Србија се очекува до крајот на 2027 година.

— реклама —

„Станува збор за наш интерконектор со Македонија со капацитет од милијарда и пол кубни метри гас годишно“, рече Ѓедовиќ Хандановиќ.

Министерката потсети дека Србија веќе ја завршила гасната интерконекција со Бугарија со капацитет од 1,8 милијарди кубни метри гас.

„Бугарската страна е заинтересирана и за проширување до 3,2 милијарди кубни метри кога ќе се создадат услови за тоа“, додаде таа.

— реклама —

Според неа, Србија планира да инвестира 1,2 милијарди евра во гасната инфраструктура во рамки на плановите „Србија 2030“ и „Србија 2035“.

Инвестициите ќе бидат насочени кон зајакнување на гасоводната мрежа низ земјата, особено на делницата од Ниш преку Велика Плана и Батајница до Хоргош, како и кон источниот дел на земјата и идната интерконекција со Романија.

— реклама —

По состанокот беше објавено заедничко соопштение на министерствата за енергетика на четирите држави, во кое се наведува дека енергетската безбедност, пристапноста и отпорноста повеќе не се само национални приоритети, туку заедничка европска и регионална одговорност.

Министрите оценија дека Југоисточна Европа мора да има поактивна улога во обликувањето на идната европска енергетска архитектура преку подобрена соработка, посилни интерконекции и поголема интеграција на пазарите.

Во соопштението се нагласува и значењето на координираното дејствување поради нестабилноста на глобалните енергетски пазари и кризите на Блискиот Исток, како и важноста на регионалната поврзаност за ценовната стабилност и интеграцијата на обновливите извори на енергија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Без задолжителен воен рок, реформи за БИА и прекинување на испорака на оружје за Израел – што планира новата власт во Србија?

Балкан | пред 13 часа

— реклама —
media-librarysu4m6bp9n599eSutE3z

По речиси 14 години на функцијата, директорот на „Србијаводе“ поднесе неотповиклива оставка поради закани кон семејството

Балкан | пред 1 ден

media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Балкан | пред 2 дена

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања