Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Србија е единствената што не ја потпиша Киевската декларација на самитот во Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library92amidutjmj865s26Ra

Србија беше единствената земја што не ја потпиша Киевската декларација, усвоена на Самитот Украина – Југоисточна Европа, одржан во Киев, јави Радио-телевизија Србија (РТС).

— реклама —

Документот го потпишаа украинскиот претседател Володимир Зеленски и претставници на Албанија, Грција, Молдавија, Романија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Бугарија. Србија, која на самитот беше претставена од претседателот Александар Вучиќ, не се приклучи кон декларацијата.

— реклама —

Во декларацијата Русија се обвинува за „незаконска, неиспровоцирана и неоправдана агресија“ врз Украина и се повикува веднаш да ги прекине воените дејствија и целосно да ги повлече своите сили од украинската територија.

Одговарајќи на прашање какви реакции очекува поради посетата на Киев, Вучиќ изјави дека е подготвен да ги сослуша сите критики.

— реклама —

„Секогаш ги слушам сите забелешки што доаѓаат од целиот свет. Така функционира демократијата“, изјави српскиот претседател.

Тој посочи дека со Зеленски разговарал и за развој на транспортни коридори кон Ерменија, Азербејџан и Турција, оценувајќи дека тие проекти би биле од големо значење за подобра регионална поврзаност и идни инвестиции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytdecq8cradmhb1hWE4m

(Видео) „Битка за смоки“ на митингот на Вучиќ во Ниш

Настани | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна

Свет | пред 3 дена

media-libraryaoiv1mpn0jju0vzxPaL

Вучиќ: Студентите ќе бидат шокирани, ќе ги победиме со најмалку 400.000 гласа разлика

Свет | пред 4 дена

media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Вучиќ ги повика граѓаните да гласаат: „Изборите се како финале на Светското првенство“

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања