Промени тема
Контакт

Србија ги повика граѓаните да го напуштат Иран, откако тоа го направија Германија и Шведска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Министерството за надворешни работи на Србија препорача сите српски државјани кои се наоѓаат во Иран што поскоро да ја напуштат земјата, поради зголемените тензии и ризикот од влошување на безбедносната состојба во регионот.

— реклама —

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за ограничен воен удар со цел да изврши притисок врз Техеран да прифати нов нуклеарен договор. Тој нагласи дека и натаму е посветен на дипломатско решение, но предупреди дека ќе ја искористи воената сила доколку разговорите не донесат резултат.

— реклама —

Според извештаи на американски медиуми, стотици американски војници биле евакуирани од базата Ал Удеид во Катар, како мерка на претпазливост во пресрет на можен напад врз Иран. Слични активности биле спроведени и во Бахреин, каде што е стационирана Петтата флота на американската морнарица.

— реклама —

Во меѓувреме, и властите на Германија и Шведска ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран и препорачаа да не се патува во таа земја поради растечките безбедносни ризици.

— реклама —

Регионалната безбедносна состојба останува неизвесна, додека дипломатските канали се обидуваат да спречат натамошна ескалација на кризата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

Вирусот на Западен Нил се шири во Србија: 53 заболени, дури 49 со невроинвазивна форма на болеста

Балкан | пред 2 дена

— реклама —
media-library4j5q5pllvfat235JHd9

(Видео) Крст, свеќи, два ковчега и обесена глава од животно пронајдени во нива во Србија

Вирално | пред 2 дена

media-librarygakdvte3krp3cD2QrYR

(Видео) Песна на Благица Павловска одекнуваше на пречекот на студентите-велосипедисти во Врање

Настани | пред 3 дена

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Крај на претседателскиот мандат на Вучиќ: Поднесе оставка, Ана Брнабиќ ја презема функцијата

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања