Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пензиите во Србија растат за 7,5 отсто: Еве колку ќе добиваат пензионерите од јануари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 44 минути -

Балкан
srpski-dinari

Пензиите во Србија ќе бидат зголемени за 7,5 отсто од декември 2026 година, а новите износи ќе се исплаќаат со јануарската исплата во 2027 година. Републичкиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување го објави официјалното решение за усогласување на пензиите.

— реклама —

За пензионерите кои досега примале 25.000 динари, зголемувањето ќе изнесува 1.875 динари месечно, па новата пензија ќе достигне 26.875 динари, пренесува „Блиц“.

— реклама —

Според објавеното решение, за истиот процент се зголемуваат и вредноста на општиот бод, најнискиот износ на пензија, паричниот надоместок за телесно оштетување, надоместокот за помош и нега од друго лице, како и одредени надоместоци врз основа на инвалидност.

На годишно ниво, пензионер со досегашна пензија од 25.000 динари ќе добие дополнителни 22.500 динари, доколку износот не претрпи нови промени.

— реклама —

Исплатата на усогласените пензии започнува со декемвриската пензија, која според редовниот распоред за повеќето корисници ќе биде исплатена во јануари 2027 година. Пензионерите не треба да поднесуваат посебно барање, бидејќи Фондот ПИО автоматски го врши пресметувањето.

— реклама —

Од декември, надоместокот за погребни трошоци ќе изнесува 92.112 динари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryoqbodgnbj8hddypwZO4

Угостителските услуги во Србија поскапеле за 5,6 отсто за една година

Балкан | пред 57 минути

— реклама —
media-library2gfqf9m4o7c7aGY3kLb

По изборниот успех, Студентската листа на средби со американски и руски дипломати

Балкан | пред 1 ден

media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Без задолжителен воен рок, реформи за БИА и прекинување на испорака на оружје за Израел – што планира новата власт во Србија?

Балкан | пред 2 дена

media-librarysu4m6bp9n599eSutE3z

По речиси 14 години на функцијата, директорот на „Србијаводе“ поднесе неотповиклива оставка поради закани кон семејството

Балкан | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања